Руди Курниаван минатата година беше уапсен дека ги измамил некои од најголемите колекционери на вино во САД, продавајќи им го сопственото вино. Меѓу прелажаните е и еден од Кох браќата кој потрошил 2,1 милион долари на 219 шишиња вино од Курниаван.
Формулата на Курниаван била мешање на млади вина со постари француски вина од години со лоша берба. На шишињата ставал фалсификат етикети и потоа ги претставувал како најретките вина на Земјата. Кога овие вина ќе се појавиле на аукција тие постигнувале цена од неколку илјади долари за шише.
Во фактурите откриени кај Курниаван биле најдени нарачки за 904 шишиња вино од 70-те. Нивната цена е околу 60 долари, и се од години кои имале "многу просечна или лоша" берба.
Курниаван почнал со својот бизнис некаде околу 2004-та, а уапсен е во март 2012-та.