Подолу ќе го слушнете автентичниот разговор меѓу човекот од Тајм и девојката која се занимава со телефонска продажба. Исклучително течен и "разбран" разговор на двајца луѓе, со пар багови во муабетот: Саманта пречесто повторува фрази, на незгодните прашања се вади на слабиот контакт и пред се, упорно одбива да потврди дека не е робот. Во еден друг разговор меѓу овие двајца, на прашањето на дечково да каже кој зеленчук го има во супа од домати, Саманта вели дека не го разбира прашањето.
Слушнете сами:
Новинар на Атлантик решава да се позанимава со темава и негово истражување покажало дека толку напредно интерактивен систем речиси е невозможен. Првенствено од технички причини односно заради ужасно слабиот квалитет на телефонското аудио кое оди моно на 8.000 херци, што е еден канал минус и 120.000 херци помалку од најшкарт емпетројка. Тука е и потребното време за процесирање како и разноликоста на можните семантички ситуации.
Единствено способни за вака напреден систем биле луѓето од компанијата Nuance, но тие одбиле дека имаат врска со Саманта.
Новинаров претпоставува дека можеби се работи за нешто уште почудно од робот. Дека зад Саманта стои човек/служба во странство, кој разбира англиски но нема американски акцент (што би ја правело неговата понуда неуверлива за еден американски граѓанин) и дека во име на Саманта одговара од саунборд, односно снимени сетови различни одговори.