Човекот што ги потроши парите на Ворнер Брос. за хуманитарна помош

Кејси Неистат во моментот е еден од нај ин режисерите во САД. По таа основа Ворнер Брос. му нудат пари за да направи видео за промоција на филмот 'The Secret Life Of Walter Mitty.' Тој сака сите пари да ги даде за хуманитарна помош во Филипините.

Ворнер Брос. се согласуваат целиот буџет за промотивно видео да му го дадат на Неистат, за тој да го искористи за помош од тајфунот Хајан. Тој за возврат им го снима видеото од целата акција.

Кејси стига во Манила и таму преку твитер наоѓа човек што ќе му помогне да се снајде во градот. Од таму тргаат кон југот на земјата, каде што купуваат залихи. Ама многу залихи.

Товарени со се што успеаа да купат со парите на Ворнер Брос. се качуваат на ферибот и одат кон местото на катастрофата. Таму ја почнуваат акцијата.

17 декември 2013 - 16:35