Колку заработуваа најбогатите во една минута во 2013.

Да бидеме педантни математиката е за 345 дена од годинава, ама никој не очекува дека просекот многу ќе им падне за три седмици. Човекот што е најклошар на листава заработувал по 14.492 долари во минута.

Топ 10-те милијардери годинава имале заеднички приход од 101,8 милијарди долари или просек од околу 10,2 милијарди секој. Денес нивната заедничка вредност е 347 милијарди долари. Во јануари 2013-та тие вредеа 245 милијарди долари.

Нивната заработувачка е следната:

- Карл Ајкан - годинава заработи 7,2 милијарди долари; ова е 20,87 милиони долари во еден ден; или 869.565 долари во час; 14.492 долари во минута.

- Лу Чи Ву - заработени 8,3 милијарди долари во 2013-та; што е 24 милиони долари на ден; 1 милион на час; 16.706 долари во една минута.

- Лари Пејџ - заработени 9,3 милијарди долари во 2013-та; 26,9 милиони долари на ден; 1,2 милиони долари на час; 18.719 долари во една минута.

- Сергеј Брин - заработени 9,3 милијарди долари во 2013-та; 26,9 милиони долари на ден; 1,2 милиони долари на час; 18.719 долари во една минута.

- Масајоши Сон - заработени 10,3 милијарди долари во 2013-та; 29,86 милиони на ден; 1,24 милиони на час; 20.732 долари во минута.

- Марк Закерберг - заработени 10,5 милијарди долари во 2013-та; или 30,4 милиони долари дневно; 1,27 милиони долари по час; или 21.135 долари во минута.

- Џеф Безос - заработени 11,3 милијарди долари во 2013-та; или 32,7 милиони долари дневно; 1,36 милиони долари на час; 22.745 долари во минута.

- Шелдон Аделсон - заработени 11,4 милијарди долари во 2013-та; или 33 милиони на ден; 1,38 милиони на час; 22.946 долари во минута.

- Бил Гејтс - заработени 11,5 милијарди долари во 2013-та; или 33,3 милиони на ден; 1,38 милиони на час; 23.148 долари во минута.

- Ворен Бафет - заработени 12,7 милијарди долари во 2013-та; или 37 милиони на ден; 1,54 милиони на час; 25.694 долари во минута.

19 декември 2013 - 16:44