Околу 300 швајцарски банки имаат договор со американската влада по кој тие се заштитени од обвинение доколку им ги предадат информациите за сите тајни сметки што Американците ги имаат кај нив. Овој договор почнува да важи од 1-ви јануари 2014-та.
"Информациите за вашата сметка можат да бидат предмет на спогодба меѓу САД и Швајцарската федерална даночна администрација, што може да резултира со предавање на информации за вашите сметки на Департманот за правда или даночната служба. Оваа информација може да биде искористена од американските власти за правни постапки, вклучително и кривични тужби," стои во едно од писмата на швајцарските банки (конкретно Corner Bank) откриени од американските медиуми.
Понудата на САД и согласноста на швајцарските банки за потпишување на ваква спогодба следува откако во изминатите години некои од најголемите банки од земјата исплатија милиони долари казна заради штитење на сметките. УБС во 2009-та плати 790 милиони долари во спогодба со Министерството за правда.