И во "French Women Don't Get Facelifts: The Secret of Aging with Style & Attitude" Мирел објаснува дека предноста на Французинките е чисто идеолошка. Таа прво ја објаснува огромната разлика меѓу Франција и САД, и преовладувачкото мислење во САД дека - животот станува само полош како што луѓето стареат.
"Ние го викаме 'Стара Европа.' Идејата за стареење и остарување е многу различна. Во Америка ти си стар на 30 години. Многу млади луѓе со кои работев ми велеа 'Ах, јас не можам да најдам човек. Готово е за мене.' И јас ќе им речев 'Ова е неверојатно, ти само што го почнуваш твојот живот.' Ние Французите имаме поговорка 'Животот почнува на 50,' и не се шегуваме. Истражувањата сега покажуваат дека жените се најсреќни во 60-те години," објаснува Миреј.
И од свое лично искуство Миреј (која е во своите 60-ти) тврди дека целата работа има смисла бидејќи сега ја имаш самодовербата што си ја немала во 20-те, дека сега имаш знаење и искуство и дека добро се чувствуваш во своја кожа. Плус знаеш како да се облекуваш и не ти е грижа што другите мислат или зборат за тебе.
Клучниот збор според Миреј е - превенција: "Превенцијата е најдобра одмазда. Многу доцна е подобро отколку никогаш." Она што тука е разлика меѓу Американките кои трчаат на пластична хирургија и спокојните Французинки и тоа што овие вториве се свесни дека "секој ќе добие брчки, и тоа не е важно." Она што е важно се малите работи - нова фризура, мал одмор, менување на начинот на кој размислуваш, работи кои директно влијаат на однесувањето.
Таа во книгата ги наведува Кетрин Денев, Жулиет Бинош и Марион Котијар "кои зрачат со привлечна зрелост која, без разлика на годините, е еднаква на убавина. Тие учејќи да ја прифатат оваа убавина - преку различни форми на нега на кожата (користејќи ги потребните заштите како арганово масло, вазелин или нивеа), диети, дотерување, шминкање (идејата дека помалку е повеќе, со едноставна основа или малку кармин), вежби (пешачење), пријателства, врски и други работи кои ја елиминираат потребата за фејслифт,"
"Не знам што мувата мисли - ако воопшто мисли - кога ќе се види во огледало. Ама знам дека ако решиме да го менаџираме нашето стареење, кога ќе остареме и кога ќе се погледнеме во огледало треба да се видиме какви сме ние навистина и од надвор и од внатре. Многу од нас се залажуваат себе си. Не се гледаме сегашните ние. Често го гледаме оној кој сме биле. Или сме заслепени од она кој ние сакаме да бидеме или мислиме дека сме," пишува Миреј.