За учебната 2013-2014 во градот биле регистрирани 22 нови универзитети. Некои од нив користат логоа на други високи школи, некои немаат ни простории но тоа не им пречи да запишуваат нови студенти ветувајќи им високо образование и звучни титули.
"Ова е многу лоша шега и мора веднаш да престане. Нема да дозволам младите луѓе да бидат мамени на овој начин", рекол градоначалникот на Бутембо потпишувајќи одлука за укинување на новооснованите институции.
Новокомпонираните приватни факултети сега се жалат дека властите сакаат да го задржат монополот на постојните образовни капацитети повторувајќи ја приказната дека напредокот не може да биде сопрен. Некои од нив ја игнорирале одлуката на градоначалникот и продолжиле со работа.
Во бескрупулозната трка по студенти, новите факултети без проблеми запишуваат лица кои претходно не успеале никаде да се запишат.