Вашиот ѕвезден успех на Твитер се базира на статистката на новинарот Џон Брунер кој анализираше 400.000 корисници на Твитер (сосе ботови и сл.) и заклучи дека просечната Твитер сметка и 1 следбеник.
При излегувањето на берза, Твитер минатиот месец објави дека го надминал бројот од 200 милиони активни корисници месечно, што според нивна дефиниција значи секој во период од еден календарски месец се има логирано на Твитер. Она што Брунер го открива е дека мнозинството од нив најверојатно зборат во празно или пак воопшто не твитаат.
Со вадење на ботовите и неактивните корисници од математиката, и земајќи ги во предвид само оние што имаат твитнато во последните 30 денови, Брунер открива дека ако имаш 61 следбеник тогаш си над просекот. Инаку просечниот Твитер корисник следи 117 луѓе, а над три-четврити од активните корисници следат повеќе луѓе отколку што имаат следбеници.
Што се однесува до состојбата на македонскиот твитер, според бројките од @mkrobot твитаме по 950.762 твитови месечно или околу 22 во минута. За останатите бројки од мкд твитер клик тука.