На Куора било поставено прашањето: "Какво е чувството од физички неатрактивен да станеш физички атрактивен." Скот решила да го сподели своето искуство на темата, затоа што (според нејзини зборови) таа била грда како мала - носела очила и била слаба.
Еве ја кога била мала:
Кога полни 20 години таа почнува да го добива денешниот изглед. Ова има позитивни страни:
"Луѓето му нудат повеќе бесплатни работи, заработувам повеќе преку манекенство, непознати луѓе повеќе започнуваат разговор со мене, повеќе луѓе ме слушаат и се смеат на моите шеги, а повремено има и некој додворувач."
Негативни страни на убавината се:
"Потенцијалните додворувачи некогаш ќе ги прескокнат комплиментите и само ќе ме наречат кучка кога минувам покрај нив, некои жени (иако во мал број) се многу дрски со мене уште од старт, и многу луѓе се шокирани кога ќе откријат дека не сум празна во главата... на пример дека имам завршено компјутерски науки и дека програмира iOS апликации."
И покрај ова Скот признава дека се чувствува "екстремно среќна што ја добила оваа нова супер сила." Она што не и е јасно е зошто луѓето претходно не ја сакале кога и тогаш била истата личност.
Еве ја денес: