
- Лара и Роберт Грифит освојуваат 2,76 милиони долари на лото. Купуваат куќа и Порше. 6 години по добивката Роберт си заминува со Поршето, откако Лара му ги фатила мејловите со друга жена.
Со ова им завршува 14-годишниот брак, нивната куќа гори во пожар и веќе немаат ништо од богатството.
- Вилијам Пост во 1988-ма освојува 16,2 милиони долари (многу повеќе во денешни пари). Во рок од една година од добивката тој останува должен 1 милион долари.
Во оваа една година неговата поранешна девојка успешно го тужи за половина од парите, а брат му е уапсен откако се обидува да најми човек да го убие.
- Шарон Тирабаси од Онтарио освојува 10,5 милиони долари. По ова купува куќа, скапи автомобили, облека, прави забави, патува и му дава пари на семејството. Сега нема ништо.
За среќа таа на време става дел од парите во фонд за 6-те деца. Фондот ќе им биде достапен кога ќе наполнат 26 години.
- Евелин Адамс две години по ред ја освојува лотаријата. Се на се добива околу 5,4 милиони долари. Сите овие пари успева ги потроши и тоа на коцка во Атлантик сити.
Денес живее во приколка.
- Џералд Мусвагон освојува 10 милиони долари во 1998-ма. Во рок од 7 години сите пари ги троши на пиење и правење журки. Во 2005-та се обесил во гаражата на неговите родители.
- Во 1991 Иби Ронкаиоли освојува 5 милиони долари. Од нив 2 милиони долари ги дава на тајното дете што таа го има со друг маж. Нејзиниот легален сопруг дознава за ова и ја труе со апчиња. Тој подоцна е обвинет за убиство.
- Мајкл Керол освојува 15 милиони долари во Британија. Во рок од 5 години парите ги снемува заради дрога, забави, курви и автомобили.
- Енду Витакер во 2002-ра добива 114 милиони долари. Во рок од 4 години тој е должен 1,5 милиони долари на Цезар касиното во Атлантик сити.
- Во 1997-ма, свештеникот Били Харел освојува 31 милион долари. Во прво време тој купува ранч, шест други домови и неколку нови автомобили. Но потоа тој не може да ги одбие луѓето што му бараат позајмица.
Подоцна се разведува, а по некое време ќе изврши и самоубиство.