За што се интересира Балканот на Гугл?

Македонија ја нема во поединечните листи на најбарани пребарувања на Гугл во 2013-та година, но затоа ги има комшиите па им буричкавме малку по паметот. Србите сакаат да ослабат по диетата на ОН (на второ место би пробале со зелка), Бугарите најмногу ги интересира што е љубовта, а кај тисучљетните Хрвати високо котира Сулејман Величествениот. 

Словенија:

Од рецепти најмногу ги интересирале палачинките и можеби затоа најбарано "како" им e прашањето: "како да ослабеш".

Хрватска

Најмногу ги копкало "што е љубов", иако се љубопитни и околу тоа што е интернет и што е таблет. Во топ 10 им е и "како да го избришеш Фејсбук". "Сила" и "Сулејман" им се најбараните сапуници, настан на годината им бил Еуробаскетот. Најмногу ги занима Дукан диета, што и да е тоа (не мрзи да гугламе).

Србија

Би слабееле по формулата на Обединетите Нации (мада тоа го правеа и буквално пред десетина години), ги интересира како да се смува девојка и како се пишува CV, а од сите поими на светов, најмногу ги занима што значи "тарапана".

Бугарија

Си даваат фора од 90 дена да ослабат, на второ место им е прашањето "како да забременам" (што е ултра висок скор со оглед на тоа што само половина од луѓето биолошки се опремени за тaкво прашање), после љубовта најмногу ги занима "какво е ерп"? (е, какво е де?), за одмор најмногу се за во Грција и Турција а во топ 10 најбараните лица ви ја пренесуваме оваа чудесна серија имиња и презимиња: Цветелина Грахич, Еделваѝс, Млад Меринджеѝ и Златко Баретата.  

 

18 декември 2013 - 09:50