Плацот за аеродромот на Гугл има површина од 117.000 метри квадратни, а хангарите ќе покриваат површина од 25.000 метри квадратни. Објектот ќе почне да се гради во јануари, а со него ќе управува приватна компанија која го има добиено просторот на 50 години.
Аеродромот ќе биде дел од аеродромот во Сан Хозе, со тоа што него ќе го користат само луѓето (директорите) на Гугл. Лизингот на просторот ќе чини 3 милиони долари годишно (вкупно 50 милиони долари во следните децении) и ова е најголемиот приватен аеродром на една компанија во светот.
Моментално Лери Пејџ и Ерик Шмит своите авиони ги паркираат во близина на седиштето на Гугл во Маунтаин Вју на аеродром во сопственост на НАСА. Овој договор им е од 2007-ма.