Ангела Меркел и остатокот од ЕУ се разочарани од потегот на Украина да потпише договор со Русија за помош од 15 милијарди евра и намалување на цената на гасот, но, порачуваат дека нивната понуда за Киев и натаму е на маса.
Според неа, најважно е Украина да излезе од нејзината "или - или" ситуација во која било кој нејзин потег се проценува како приклонување кон Москва или кон Брисел.
"Претходниот договор за плинот ја гушеше нашата економија речиси 4 години," изјави Азаров откако Русија му ја понуди оваа стратрешка суровина за една третина поефтино.
Во меѓувреме Путин изјави дека Русија не е против асоцирањето на Украина со ЕУ, Кличко бара продолжување на протестите, Тимошенко од затвор процени дека ова е крај на независноста на нејзината земја а Фајненшел Тајмс пишува дека Запад бил спремен да ѝ даде на Украина кредит од 20 милијарди долари.