Годинава 61,5% од сообраќајот на интернет не бил од луѓе, туку од машини (без да навлегуваме во филозофии дека се' започнува од луѓето и дека сепак човек требало да стисне ентер). Овие 61,5% сообраќај се поделени на:
- 31%, интернет пребарувачи и други ботови.
- 5% scrapers
- 4,5% алатки за хакирање
- 0,5% спамери
- 20,5% останати.
Бројките се собрани од група на 20.000 сајтови и 1,45 милијарди импресии. Целата пресметка е на компанијата Инкапсула која ја следи работата на ботовите на интернет.
За споредба, минатата година сообраќајот на ботовите ни бегаше за само 2% и изнесуваше 51 спрема 49 проценти во корист на машините.