Вести

Кралот е гол ама има полицајци

Црвените линии на извесен Сајмон Бенет, лидер на британската конзервативна партија во градскиот совет на Вулверхемптон, очигледно се исцртани околу критики за модата. Бенет му нагрбачил полиција на 15-годишно момче затоа што го исмејувал неговиот стил на облекување. Малиот го апселе четворица полицајци.

Како вештачката интелигенција ја проценуваа онаа на Трамп

Трамп често се фали со својата интелигенција – легендарни се неговите процени за себе дека е „навистина многу паметен“ и „многу стабилен гениј“, како и фалбите дека беспрекорно ги положил трите когнитивни теста. Седум различни модели на вештачка интелигенција добиле задача да му го измерат умот. Не е за фалење.

Европската автомобилска индустрија сама си ја копа дупката

Кризата во автомобилската индустрија во Европа не е само последица на кинеската конкуренција, слабата побарувачка и поскапата енергија. Производителите предолго инвестирале во мотори со внатрешно согорување, краткорочна профитабилност и дивиденди, а предоцна во производство на батерии, електрификација и развој на софтвер, заклучуваат економисти на Allianz.

Речник

Се претерува со дијагнозите за АДХД заради бенефиции

Системот за социјална помош во Британија е една од главните причини за огромното зголемување на бројот на дијагнози на аутизам и АДХД. Медицинските потврди отвораат порта кон финансиски стимулации, лични бенефиции и поддршка во училиштата и работните места. Ова има несакани последици, затоа што дијагнозата може да стане дел од идентитетот.

Американските тинејџери го отфрлаат ЛГБТ идентитетот

Анализа на неодамна објавените податоци од Центрите за контрола и превенција на болести покажува нагло опаѓање на бројот на млади тинејџери во Америка кои се идентификуваат како лезбејки, геј или бисексуалци. Меѓу девојчињата во деветто одделение бројките се преполовени. Политиката на администрацијата на Трамп веројатно има влијание, но не е единствениот фактор.

Оделото го откри Трамп колку му е Америка на прво место

Доналд Трамп даде уште еден повод да го викаат евтин лажов и лицемер откако за време на предизборен партиски митинг во Небраска, несакајќи откри од каде ги купува неговите костуми. Се работи за нискобуџетниот бренд Jos. A. Bank, кој ја произведува својата облека во земји како Кина и Бангладеш.

Не е до тебе, телефонот е направен за да создава зависност

Денес во светот околу 2,5 милијарди луѓе имаат смартфони. Неброените милиони што ги заработуваат производителите на смартфони, социјалните мрежи и луѓето што прават апликации, не се само од твоето дремење на телефон, туку од тоа што речиси никој од овие 2,5 милијарди не може да одолее и да го остави уредот.

Јапонија ќе субвенционира „раскажувачи“ на американскиот нуклеарен напад

Јапонската влада од април годинава ќе ги плаќа патните трошоци на раскажувачие што ги шират и прераскажуваат сведоштвата на преживеаните Јапонци од американските нуклеарни напади врз Хирошима и Нагасаки.

Училиште со задолжителни часови за борба против масовни убијци

Многу пред брилијантниот предлог „вооружете ги учителите“ училиште од Њу Мексико во својата редовна програма има воведено задолжителна обука за борба во случај на вооружен напад.

Германија потврди дека и во 2017 работела како да е Германија

Не е изненадување што минатата година, 2017, германската држава успеа да ја заврши со суфицит (пари останати од буџет откако сè платиле). Кога ќе видиш не е ни изненадување дека овој суфицит е најголем во историјата на обединета Германија. Само продолжете вие така.

Ирското знаме забрането на парадите за Денот на Свети Патрик во Северна Ирска

Со цел намалување на тензиите неколку градови од Северна Ирска ја забранија ирската тробојка за време на парадите што ќе се организираат за Денот на Свети Патрик (17-ти мај), националниот празник на Ирска.

На секое министерство му треба сопствен Стрмота

Марин Стрмота е младиот хрватски демограф кој на целиот Балкан му приреди незабележан призор кога сред прес конференција, од чисто небо (без ценкање „ќе се повлечам од оваа позиција и ќе одам на онаа позиција“), изјави дека поднесува оставка на позицијата Државен секретар во Министерството за демографија на Хрватска. Едноставно не му се допаѓа што и како работи Владата и неговото министерство.

Џабе ви се сите „мисли и молитви“

Аргументот на тие што се против поседување оружје е дека масовните убиства во САД се случуваат заради тоа што во земјата може многу лесно легално да се купи оружје. Аргументот на тие што се за поседување оружје по дома е дека САД имаат проблем со ментални болести, а не со внимателни сопственици на оружје. Вистината веројатно е некаде измеѓу.

Гачки од понервозниот Галагер

Отсекогаш сум бил арогантна пизда, дури и кога копав канали во Манчестер, го започнува Лиам Галагер своето интервју во Гардијан пред Брит музичките награди за годинава каде што е номиниран за најдобар машки соло музичар.

Дански начин, за дански деца

Експертка за деца од Данска, Џесика Џоел Александар, пишува книга на темата што ја знае „Дански начин на воспитување деца“, со поднаслов „што најсреќните луѓе во светот го знаат за одгледување самоуверени и способни деца.“

Дејвид Атенбороу рејвови растураат низ Британија

Периодов на неколку локации во Британија комплетно се распродадени влезниците за рејвои во кои му се оддава почит на Атенбороу и неговите документарци.

Вдовицата на Крис Корнел: Го пореметија апчиња против болки

Вики Корнел за првпат јавно се отвори за трагедијата на нејзиниот сопруг, пилар на гранџот и еден од најмоќните рок вокали на светот кој минатиот мај, после концерт, си го одзеде животот во хотелска соба. Морничаво е колку една навидум банална работа како што се аналгетици можат да променат свест на еден човек.

Аудио загадување, саундтракот на нашиот живот

Половина од искуството што ние го водиме како „се одморив на планина на чист воздух“ всушност нема никава врска со воздухот, туку со градската бука и недостатокот на истата. Направи сам: тргни пешки накај Средно Водно, тоа што ќе го чуеш како ти зуи во позадина, тоа е аудио загадувањето во кое живееме како да ни е природна состојба.

Не само да бутате суплементи и витамини од шишиња

Со над 90.000 различни видови витамински и прехранбени суплементи, и 52% од Американците како потенцијални купувачи, суплементите се 30 милијарди долари вредна индустрија во САД, и се додека не кажеш дека нешто е лек можеш речиси што сакаш да продаваш и рекламираш.

Нема правда на овој наш свет

Новинарите како мене кои тврдеа дека Ирак не поседува такво оружје беа избркани од работа или маргинализирани. Јас бев на црната листа на CNN откако Белата куќа им го наложи тоа. А сите „преститутки“ кои беа владини појачала за одење во војна, беа промовирани и величани. Добредојдовте во новите Советски медиуми.

Бугарот што го искина Спотифај

Автор на плеј-листи на Спотифај наплати околу 1 милион долари од музичкиот сервис, за луѓе што преслушувале песни од неговите плејлисти. Авторот е Бугарин и веројатно тој е единствен човек меѓу тие што слушале музика.

Дебелите Американци го будат Трамп од влажните воени соништа

Американскиот претседател најави значајно засилување на американската војска со педесетина илјади нови членови, свежи, физички спремни и подготвени да сторат сè за својата земја. А потоа ги измери кандидатите.

Тања Бошковиќ: Добрината ја прави жената убава

„Ах, Тања Бошковиќ“ гласеше некогаш консензуалната реакција на спомнувањето на нејзиното име. Денес е во пензија но глуми со полн здив, силна и самосвесна каква што отсекогаш била. Сјајот во нејзините очи кој некогаш доаѓаше од младоста, денес се раѓа во пронајдениот мир во душата. Горда е на своите деца, се грижи за родителите чија меѓусебна љубов никогаш не успеала да ја преслика во својот живот, пасионирано прати спорт и навива, готви, прави забави, пуши и... и одамна ѝ е јасно дека на луѓе секогаш ќе им биде полесно да воздивнуваат по некоја своја Тања Бошковиќ отколку да се свртат и вистински да сакаат некого покрај себе.

Брачната двојка која го ошури Гугл за 2,1 милијарда долари

Направиле сајт и сфатиле дека Гугл нефер ги третира во пребарувањата. Бидејќи на сајтот и онака му одело добро, решиле да го тужат гигантот за нефер гуглање. По нив се налепија и други.

Крај на програмата Википедија „без броење“

Во 72 земји во развој годинава ќе биде укината програмата на Википедија која дозволуваше сурфањето на бесплатната енциклопедија да не се брои во месечниот лимит за мобилен интернет.

Болниот пропуст во новиот кампус на Епл

Само што вработените на Епл почнаа да го користат новото седиште на компанијата, почнаа да излегуваат првите пропусти на објектот - стаклата им се премногу проѕирни.

Амбалажниот отпад може да има втор живот

Учениците од ОУ „Коле Неделковски“ заедно со Алпско млеко направија акција каде со заеднички сили обезбедија храна и привремени живеалиша за локалните птици и другите мали заедници карактеристични за овој регион, полесно да ги преживеат ладните зимски денови. Имено за Градскиот парк изработија и поставија куќарки и храна за птиците од веќе употребен амбалажен отпад од Алпско млеко (https://www.facebook.com/alpskomlekomkd/) кое послужи како основа дечињата од нив да направат привремени живеалишта.

Ако сакаш да те има на Олимпијада пријави се скијање на халф-пајп за жени

Елизабет Свони е Американка со унгарско потекло која се натпреварува за унгарскиот олимписки тим во дисциплината скијање слободен стил на халф-пајп. Таа успешно ја постигнува олимписката квота, како и квотата за уште 13 светски купови во оваа дисциплина. Работата е што Свони баш и не е нешто посебно добра во ова што го прави, ама нашла цака.

„XY, земја на пријателство“

Убава приказна на девојка еврејка од посетата на мистичниот град од кој потекнува нејзината фамилија. Додуше не сме сигурни дали смееме да ја објавиме, бидејќи го спомнува Александар, да не испадне дека им ја краде историјата на Грците. А не сме сигурни ни дека барем 25% од приказната е за Албанците. Ако не па, кога ќе наидете на нејзиното „Македонија, земја на Александар Македонски“, вие прочитајте го горенаведениот наслов.