Градовите кои беа срамнети со земја кон крајот на Втората светска војна, потег кој според голем број денешни историчари не бил неопходен за капитулација на Јапонија, веќе имаат започнато обука за вакви раскажувачи, дел од кои се испратени на стекнување искуство и во останатите делови од земјата.
За да се олесни финансискиот товар врз Хирошима и Нагасаки, јапонската влада ќе оддели пари од буџетот за покривање на дел од програмата. Раскажувачите ќе добијат и часови по англиски пред да патуваат во странство. До сега двата града имаат обучено околу 100 луѓе за да можат да ги прераскажуваат искуствата на преживеаните од нуклеарните напади.
Според двата музеја (Музејот на мирот од Хирошима и Музејот на атомската бомба од Нагасаки) кои ги обучуваат раскажувачите, само во 2016 имало околу 180 барања за ангажман на раскажувачи за држење говори во Универзитети и училишта низ Јапонија.
Програмата за субвенционирање започна откако една општина се откажа од ангажманот на раскажувач заради висината на патните трошоци и сместувањето.
Од американскиот напад на 6-ти август 1945 во Хирошима загинаа 140.000 лица. Во вториот напад, три дена подоцна, во Нагасаки се верува дека се убиени околу 74.000 лица. Вкупниот број на луѓе кои ги преживеаа двата напади, минатата година изнесуваше 164 илјади. Нивната просечна старост е 81,4 години.