- Доналд Трамп непријатно ги изненади украинскиот претседател и европските сојузници откако склучи неочекуван договор за купување руски дизел, со што го поткопа повеќегодишниот притисок врз Кремљ да ја прекине војната против Украина која трае веќе четири и пол години.
- Зеленски реагираше бурно и договорот го нарече „апсолутно ужасен, неправеден и нефер“.
- Трамп и Путин договорија Русија веднаш да испорача над 300.000 тони дизел-гориво на американскиот и на глобалниот пазар, уште 500.000 тони во текот на ноември и 1.000.000 тони веднаш потоа, за да се намали притисокот на зголемените цени на енергенсите.
- Цените на горивата вртоглаво пораснаа поради глупавата војна на Трамп против Иран која го затвори теснецот Хормуз – стратешки исклучително важна и ранлива точка низ која, пред војната, минуваа 20% од светските залихи на нафта.
- Цените на горивата се генерално покачени но на дизелот особено (6,52 долари за галон минатиот месец) што му нанесува најголема политичка штета на Трамп и на републиканците во пресрет на ноемвриските избори на средината од мандатот.
- Повеќе од 10.000 луѓе излегоа на улиците на Фиренца, Милано, Неапол, Торино и уште 50 италијански градови, протестирајќи поради високите трошоци за живот, финансирање на одбраната со пари што биле наменети за образование и здравство и против војните во Украина и Газа.
- Собирите добија на масовност откако на генералниот штрајк на работниците им се придружија студенти и средношколци.
- Организаторите ветија дека демонстрациите ќе поминат без насилство, но властите ангажираа полициски зајакнувања за да ги следат протестните маршеви. Поставени се кордони на клучните локации како Колосеумот во Рим и Миланската катедрала.
- На чело на маршот во Торино, студентите истакнале транспаренти со пароли: „Секој кампус ќе биде барикада“. „Нема да плаќаме за војна“ и „Против војната и високите трошоци за живот – да ја запреме Италија“.
- Вршителката на должноста претседателка на Србија, Ана Брнабиќ, го повика новоизбраното парламентарно мнозинство што е можно поскоро да воспостави владини институции и да ја преземе одговорноста за управување со земјата.
- Во своето прво јавно обраќање по вонредните парламентарни избори, таа повика на мир, почитување на Уставот и законот и рече дека насилството не треба да ги одредува политичките настани.
- Брнабиќ ги повика победниците на изборите да не го одложуваат формирањето на владата и да не дозволуваат „тепачи и насилници“ да водат политика.
- Како примери за насилство и притисок ги наведе нападите врз телевизиите Информер и Пинк, апсењето и притворањето на директорот на Јовината гимназија, Радивоје П. Стојковиќ, нападот врз јавното претпријатие Србијавода...
- Брнабиќ најави дека претседателските избори во Србија ќе се одржат најдоцна до 27 декември.