На секое министерство му треба сопствен Стрмота

Марин Стрмота е младиот хрватски демограф кој на целиот Балкан му приреди незабележан призор кога сред прес конференција, од чисто небо (без ценкање „ќе се повлечам од оваа позиција и ќе одам на онаа позиција“), изјави дека поднесува оставка на позицијата Државен секретар во Министерството за демографија на Хрватска. Едноставно не му се допаѓа што и како работи Владата и неговото министерство.

Марија Црњак за хрватски Пословни дневник оддавајќи му признание на актуелниот се-балкански херој под наслов „Нема да ни помогне реконструкција на Владата, на секое министерство му треба сопствен Стрмота“ пишува:

Ако нас во иднина не нè разочара младиот демограф, на кого сред прес-конференција му пукна филмот заради хрватската култура проткаена со ортачки капитализам и козметички третмани кои се нарекуваат развојни мерки, тогаш секое министерство во Хрватска треба да има свој Марин Стрмота, од која и да е партија.

Ни требаат сите оние разочарани млади луѓе од јавната управа, министерства, агенции, заводи, кои ги напуштиле сопствените кариери за да стигнат на место на кое се носат одлуки кои можат да променат работи, да поттикнат развој на општеството кое се уште се дави со усташи и четници, и на младите да им даде причина повеќе за останување во земјата. Ги имаше во минатото на разни позиции, од министерски до портпароли, секретари... имаа енергија и волја, остануваа до доцна на работа, се трудеа и на крај сфатија дека нема смисла, бидејќи промените кои ги заговараа нема да бидат прифатени, бидејќи задираат во интересите на партијата, бидејќи не се од партија, бидејќи ги пореметуваат позициите на моќ на некои други, затоа што никого не го интересира што они прават.

Мноштвото си заминаа молкум, многумина и понатаму се тука и го губат своето време во составот кој ги троши, а воопшто не ги користи. Ги има во здравство, во образование, во туризам, урбанизам, наука. Во тој наш систем, имено, нема смисла реконструкцијата на Влада за која деновиве се зборува, затоа што нема да донесе ништо ново ни корисно, од неколку причини. Првата е негативната селекција која опасно завладеа со јавниот сектор, баш заради тоа што над резултатите и одговорноста се фаворизира партиската верност, политичките улебувања, клиентелизмот, каде најдобро минуваат послушниците. Никој квалитетен и храбар нема да се впушти во таква авантура, која може да му гарантира само назадување во професионален и секој друг смисол. Тој нема да има резултат ако не спроведе реформа на својот ресор, а тоа, како што гледаме, во нашите влади не се бара.

И да се најде таков суперхерој, тешко би се снашол во ваква организација на државата, јавната управа и нивото на соработка и комуникација кое всушност не постои. Во Хрватска постојат стотици стратегии и акциски планови на кои се потрошени милиони, а не се спроведуваат. Туризмот е добар пример за ова бидејќи и понатаму се случува сам по себе, напишаните стратегии и планови не се спроведуваат, за што не е виновен само министерот за туризам, туку и речиси половина Влада која меѓусебно не соработува во овој систем на врзани садови.

Законот за поморско добро го одредува развојот на туризмот, а не се донесува, законите од министерството за здравство не се менуваат за да го поттикнат развојот на здравствен туризам, Законот за туристичко земјиште и понатаму е заглавен во Јавното обвинителство, туристичките заедници низ кои годишно минуваат милијарда куни не можат да се реформираат без реформи на системот на локални заедници и нови административни поделби за кои исто така со години само се зборува...

... Не постои министер за здравство кој ќе може да ја разниша пирамидата на моќ што ја создадоа директорите и шефовите на управните совети на болниците, заедно со соодветните партии на власт.

Истата работа го опфаќа секое министерство и секој министер, и затоа реконструкција на Влада може да биде само уште еден козметички зафат.

****

И да сте го изгледале Стрмота, вреди уште еднаш да го погледнете потегот.

23 февруари 2018 - 12:49