„Оваа иницијатива како идеја не дојде случајно, туку со многу јасна цел и намера бидејќи во неа препознавме квалитети кои на повеќе нивоа ќе им користат на дечињата во процесот на едукацијата и сензибилизирање за средината околу нив. Пред сè, процесот на изработката за нив беше забавен и креативен, а кога сакате на децата да им упатите важна порака играта е вистинската формула за да се постигне целтта. Драго ни е дека направивме чекор за да ја подигнеме нивната свест за животната средина преку малиот но, значаен придонес да им овозможиме засолниште и храна на птиците преку примена на амбалажен отпад кој наместо да заврши во кантата за отпадоци му дадовме „втор живот“ , изјави претставник од Алпско млеко.
Куќарките за птиците со храна беа поставени на неколку локации низ Градскиот парк. „Оваа мала и скромна иницијатива се надеваме ќе биде мотив и инспирација луѓето да не заборават, не само на птиците, во деновите со ниски температури, туку и на останатите животни кои се приморани да ја поминат зимата на отворено во градската средина“, велат од Алпско млеко.
Нивниот повик и заложба е пример кој може да го следат не само учениците и децата туку и секое семејство, бидејќи процесот на изработка е едноставен, а ќе ви овозможи да поминете квалитетно и забавно попладне со вашите деца при тоа учејќи ги за важноста за рециклирање и колку многу корисни работи може да се направат од амбалажниот отпад.
(комерцијален текст)