„Го сакаше својот живот. Никогаш не би посакал да го напушти овој свет. Нашето семејство му беше сè. Штом ќе се симнеше од бина, стануваше татко, најрегуларен татко“, се довери Вики Корнел, жената со која еден од најмоќните вокали на светот имаше две деца и заради која премина во православна вера.
Пресврт во неговата глава предизвикува бензодиазепиn, моќен аналгетик кој му бил препишан заради болки во рамото од кои страдал и од несоница. За Вики нема сомневање што го одвело нејзиниот сопруг во зависноста која заврши трагично.
„Мозокот на оној кој е на супстанци е различен од оној мозок кој е чист. Луѓе мислат дека зависноста е прашање на избор, но не е. Ако постоеше помалку стигма околу тоа, луѓето поотворено ќе зборуваа за проблемот“, вели Вики Корнел откривајќи дека во време на криза Крис земал по 20-30 апчиња неделно.
Таа тврди дека во тој свет не постои човек кој бил подалеку од стереотипниот имиџ на рокер зависник.
"Просто не беше. Беше најдобриот сопруг на светот и најдобриот татко. Ја изгубив својата сродна душа и љубовта на мојот живот," рекла Вики Корнел во утринска емисија на ABC.
****
Види и:
Додека го дрвиме за марихуаната
Дрогирањето на американското дете