Суфицитот што го пријавиле 16-те сојузни држави на крајот од 2017 изнесува 36,6 милијарди евра. За случајно да не удрат на славје, резултатот технички е разочарување за Германците кои очекуваа дека годината ќе ја завршат со суфицит од 38,4 милијарди евра.
Ова е 4-ти по ред годишен вишок на Германците.
Успехот и годинава се должи на тоа што се Германци, и што производството им е преплавено со нарачки што пак доведува до рекордна висока стапка на вработеност на населението.
На ниво на цела година германската економија расте за 2,2 проценти.