На натпреварот во Пјонгчанг таа завршува со речиси нула направени трикови (во дисциплината се даваат оценки за трикови, не за брзина или поминати капии) и пак завршува на одлично 24-то место во свет.
(Настапот на Свони)
Целата работа малку ги збунува американските новинари, па фаќаат да истражат и откриваат дека Свини нашла дупка во правилата за Зимските олимписки игри. Цаката е што речиси никој не е заинтересиран за учество во дисциплината во која се натпреварува Свини, па се што направила Американката со унгарско потекло е да се појави на квалификациите, а потоа и на натпреварите во Јужна Кореја.
„Женските купови во скијање слободен стил на халф-пајп ретко кога имаат повеќе од 30 натпреварувачки, па не е тешко да се постигне олимписката квота да завршиш во топ 30.
На последниот Светски куп во Кина, Свони заврши 13-та од 15 натпреварувачи, нејзин најдобар пласман во кариерата,“ се објаснува во текстот за Денвер пост.
Речиси идентично се збунети и од унгарската ски федерација, од каде објаснуваат дека ситуацијата се должи на системот на квалификации на ЗОИ, признавајќи дека цела измината година еднаш ја немаат видено Свони како вози, бидејќи таа самата го финансирала својот тренинг и квалификации.