Доживотен затвор за четирикратниот убиец кој се праваше удрен
9 октомври 2026
- Основниот суд во Куманово му изрече казна доживотен затвор на 25-годишниот Трајче Бојковски од Старо Нагоричане, прогласен за виновен за четири убиства и два обида за убиство на жени.
- Осуден е за убиствата на Станче Каровска, Јанка Антевска, Марија Маринковска и Мира Станковска. Кривичните дела ги извршил од јануари 2025 до февруари 2026 година, а жртви барал меѓу повозрасни и немоќни жени кои живееле сами.
-
„Обвинетиот сериски убиец зјапаше во таван, неговиот адвокат дигна раце“, известивме за време на судењето.