Целта на програмата беше да се даде бесплатен пристап до Википедија на луѓето од земјите во развој. Во неа учествуваа 97 мобилни оператори од 72 држави.
Википедија зиро опфаќаше публика од околу 800 милиони луѓе од земји како Мијанмар и Непал, а нејзиното прекинување се должи на тоа што малку луѓе вон Америка и Европа воопшто знаат за Википедија и на се поголемите трошоци на програмата.
„За да се создаде целото знаење на светот ни треба учество од светот. Сепак, ние знаеме дека има голем број бариери за остварување на оваа визија, меѓу кои и цената на мобилниот интернет,“ објаснуваат од Викимедија фондацијата.
Програмата беше спорна и по основа дека исклучувањето на Википедија од мерење на сообраќајот е токму една од опасностите на кои предупредуваа поборниците за борба против укинувањето на нет-неутралноста. Иако не им е спорно Википедија да биде достапна без да врти бројчаникот, нивниот страв е дека во иднина интернет провајдерите сами ќе избираат сообраќајот од кои сајтови нема да го вклучат во мерење на потрошен интернет.