80-годишниот претседател држеше говор на Гранд Ајленд, Небраска, кога во еден момент, ги рашири рацете а незакопчаното сако за момент ја обелодени етикетата на производителот.
Jos. A. Bank продаваат костими и обично се рекламираат со своите „секојдневни ниски цени“. Почнуваат од 149,99 долари, но обично се движат од 249,99 до 580 долари и се произведуваат во странство во азиски земји како што се Кина, Бангладеш, Виетнам и Индонезија.

Некои се разочарани што човекот кој сите други ги убедува дека Америка треба да им биде на прво место се облекува во облека шиена во Азија, други се изненади што човек со толку пари нема свој личен кројач.
„За милијардер како него, ова е евтино, Ама па добро, и тој е евтин,“ гласи еден коментар.
Во својата книга „Размислувај како милијардер“ 2004 година, Трамп тврдеше дека носи скапи костуми од марката Бриони, кои чинат меѓу 5.500 и 16.200 долари.