И не се работи за проблем од воајерска природа, туку за чиста физички болка - дел од вработените толку се замаени додека одат низ новите простории што редовно се лупаат во стаклените панели со кои се преградени канцелариите.
„Ѕидовите на зградата се од заоблени стаклени панели. Работните места исто така се одделени од многу стакло. Вработените на Епл често пати се залепени за Ајфоните. Ова резултираше со повеќекратни случаи занесени вработени да се залепат во некој од стаклените панели,“ пренесува Блумберг изјава на луѓе запознаени со проблемот.
Дел од вработените почнале да ставаат и лепливи белешки на стаклата од канцеларите за човек да може да ги забележи. Ова веднаш наишло на опозиција и хартиите биле одлепени бидејќи „го нарушувале дизајнот на објектот.“
Новото седиште на Епл е дело на архитектот Норман Фостер, а е по нарачка на Стив Џобс. Објектот е огромен прстен во кој се сместени околу 13.000 вработени на компанијата. Изградбата на целиот проект (сосе паркови, паркинзи и придружни објекти) чинеше 5 милијарди долари.
Вајард имаше детална (и обемна) анализа околу кампусот. За повеќе, тука