Училиште со задолжителни часови за борба против масовни убијци

Многу пред брилијантниот предлог „вооружете ги учителите“ училиште од Њу Мексико во својата редовна програма има воведено задолжителна обука за борба во случај на вооружен напад.

Со училиштето раководат поранешниот полицаец, а сега пастор, Лери Ален, и неговата сопруга Лили Ален. Бидејќи станува збор за приватно училиште, што сè ќе влезе во наставната програма на големо е оставено на самото училиште, без некакво микро-менаџирање од државата.

Програмата за одбрана и справување со масовни убијци ја воведуваат пред околу 5 години, и таа ги опфаќа сите деца што го посетуваат училиштето од градинка до 12-то одделение (4-та година средно). Освен регуларната обука (како да реагираш за да се заштитиш и како да се справиш со напаѓачот), секоја година по една група од повозрасните ученици добиваат и боева обука, која треба дополнително да помогне во случај на напад.

На страна учениците, брачниот пар што го раководи училиштето и уште најмалку пет од 20-те професори постојано носат оружје за време на часовите.

24 февруари 2018 - 16:11