Амбициозниот план на актуелната администрација на САД за донесување свежа крв во единиците на американската армија потклекна и пред да започне неговото реализирање, со испитување на примерок Американци кои одговараат на посакуваниот профил на американскиот војник.
Речиси две третини од Американците на возраст од 17 до 24 години не одговараат на критериумите заради дебелина, други здравствени проблеми, криминално минато или кусок образование. Тоа е суровата реалност со која сега се соочува Пентагон кој доби задача во следните пет години да регрутира десетици илјади нови војници, пилоти, морнари и сајбер специјалисти.
„Сите во главата имаме слика за млад, енергичен и одлучен Американец кој може да стори сè за својата земја. Време е таа слика да ја менуваме“, вели пензионираниот адмирал Том Шпер, потсетувајќи дека проблемот со дебелината отиде во небо последниве 10-15 години, астмата расте, бројките за завршено средно образование се лоши а криминалот не дава значи на попуштање.
Згора на тој сет проблеми, дополнителна пречка е што во моментов состојбата со невработеноста е исклучително добра а армијата отсекогаш имала најдобри резултати во регрутирањето кога постои голема невработеност и тешко се доаѓа до цивилно работно место.
А новите војници се еден од клучните елементи за трошење на зголемениот буџет (види: „Пентагон со воен буџет како никогаш досега“). Актуелниот план подразбира до 2023 година бројот на припадници на американската војска да се зголеми за 56.600 членови.
Во апсолутни бројки, владините проценки велат дека од 34 милиони луѓе кои влегуваат во соодветната старосна група 17-24, дури 24 милиони се неспособни за војска.
А Велика Британија пак, има поинакви проблеми на оваа тема Таму лани за војска се пријавиле 100.000 луѓе ама успешно завршил само 7.441 случај. Министерот допрва открил дека за комплетирање на таа процедура, на институциите им се потребни цели 300 дена.