Овие 700 милијарди долари кои годинава ќе гои има на располагање Пентагон не се ни споредуваат со парите кои за истите намени ги одвојуваат најблиските конкуренти: Русија и Кина. А бидејќи буџетскиот план е двогодишен, за следната е планиран уште поголем буџет, 716 милијарди долари.
Ова е најголем поединечен скок на воениот буџет (15,5% во однос на претходниот) од 2002 година кога тој порасна за 26,6% (од 345 милијарди на 437 милијарди). Но тоа беше време кога се „ослободуваа“ Ирак и Авганистан. За Авганистан, Русите велат дека денес Исис го има претворено во „база за одморање“ на регионалниот тероризам.
Денес САД во Ирак имаат далеку помалку војници отколку пред 10 години а во Авганистан држат 15.000. На времето таму имаа и 100.000 души.
Огромното покачување на трошоците за одбрана (чуј, одбрана) е поголемо отколку што бараше Трамп. Од издвоените 700 милијарди, околу 629 милијарди се за основните потреби на Пентагон а 71 милијарда за воени интервенции.
Трамп бараше 603 милијарди за Пентагон и 65 милијарди за воени мисии.
Ако, нека има.