Вести

Како вештачката интелигенција ја проценуваа онаа на Трамп

Трамп често се фали со својата интелигенција – легендарни се неговите процени за себе дека е „навистина многу паметен“ и „многу стабилен гениј“, како и фалбите дека беспрекорно ги положил трите когнитивни теста. Седум различни модели на вештачка интелигенција добиле задача да му го измерат умот. Не е за фалење.

Европската автомобилска индустрија сама си ја копа дупката

Кризата во автомобилската индустрија во Европа не е само последица на кинеската конкуренција, слабата побарувачка и поскапата енергија. Производителите предолго инвестирале во мотори со внатрешно согорување, краткорочна профитабилност и дивиденди, а предоцна во производство на батерии, електрификација и развој на софтвер, заклучуваат економисти на Allianz.

Се претерува со дијагнозите за АДХД заради бенефиции

Системот за социјална помош во Британија е една од главните причини за огромното зголемување на бројот на дијагнози на аутизам и АДХД. Медицинските потврди отвораат порта кон финансиски стимулации, лични бенефиции и поддршка во училиштата и работните места. Ова има несакани последици, затоа што дијагнозата може да стане дел од идентитетот.

Речник

Американските тинејџери го отфрлаат ЛГБТ идентитетот

Анализа на неодамна објавените податоци од Центрите за контрола и превенција на болести покажува нагло опаѓање на бројот на млади тинејџери во Америка кои се идентификуваат како лезбејки, геј или бисексуалци. Меѓу девојчињата во деветто одделение бројките се преполовени. Политиката на администрацијата на Трамп веројатно има влијание, но не е единствениот фактор.

Оделото го откри Трамп колку му е Америка на прво место

Доналд Трамп даде уште еден повод да го викаат евтин лажов и лицемер откако за време на предизборен партиски митинг во Небраска, несакајќи откри од каде ги купува неговите костуми. Се работи за нискобуџетниот бренд Jos. A. Bank, кој ја произведува својата облека во земји како Кина и Бангладеш.

Трамп ги отвори секташките рани на Блискиот Исток

Доналд Трамп неодговорно си поигрува на Блискиот Исток со сили кои не ги разбира, што може да доведе до катастрофални последици. Ги разгоре длабоките секташки тензии вкоренети во Либан, Сирија и Ирак, па сè до Јемен и Бахреин на другиот брег на Заливот. Нови граѓански војни ќе испратат нов бран бегалци кон Јордан и Турција, а потоа и кон Европа.

Путин ги враќа политичките комесари во војската

По наредба на рускиот претседател создаден е директорат за промовирање на патриотизам во руската армија. Потегот речиси инстантно евоцираше спомени на еден слична пракса од СССР во која политичките комесари промовираа Марксизам и Ленинизам.

Не си го сакаш детето ако не си му ангажирал тутор по Фортнајт

Понудата почнува од 50 долари за 4 часа онлајн лекции, до зависи колку ќе се договориш за тутор во живо да го обучува твоето дете за една единствена цела - како да не изгуби на Фортнајт.

Веројатно најважната победа на човештвото

Хомо сапиенсот пред десетици илјади години успева да ја извојува клучната победа над неандерталецот благодарејќи на нешто што се нарекува „уникатна еколошка пластичност“, што во основа значи дека нашите предци (за разлика од неандерталецот) успеале да избегнат изумирање затоа што можеле да истражуваат и да се адаптираат.

Генерација публика

Над една четвртина од британските деца кои тргнуваат во основно училиште не можат да комуницираат со цели реченици, и ова е исклучиво благодарејќи на времето кое низ целиот дотогашен живот го минале пред екрани (смартфон, таблет, лап-топ, ТВ) каде се само консументи на содржина без да искажат нити една мисла.

Дебулшитификација на Фејсбук

Од моментот кога истиот оној систем за кој не можеа да престанат хвалоспеви за време на најразлични „пролети“ и „револуции“ низ светот помогна Америка да се разочара во самата себе од изборот кој го направи за Белата куќа, Фејсбук премина во константна дефанзива. Дел од дефанзивата беше и обемна маркетинг кампања направена по сите стандарди за да ја одоброволи накострешената јавност.

Како ултра-богатите планираат да се спасат од Апокалипсата?

Убаво е да мислиме дека во случај на белја топтан ќе се префрлиме на Марс, или ќе имаме шанси топтан да си ги аплодираме мозоците на суперкомпјутери како Курцвејл. Многу поверојатно е тоа да го сторат оние кои веќе се подготвуваат за такво сценарио. И се полни со пари.  

Бесплатно здравство за сите би ги чинело САД 320 милијарди долари годишно

Проекцијата е направена на период од 10 години, во кој би се потрошиле вкупно 3200 милијарди долари, пари кои секако би се потрошиле на здравство само разликата е што овој пат ги плаќа владата на САД.

Заминувањето на Озил е потешко за Германија отколку за репрезентацијата

Во Германија живее голем број луѓе кои ги критикуваат политиките на Реџеп Таип Ердоган - и со право. Многумина од неговите најголеми критичари се Германци со турско потекло, кои исто така се против договорите на германската влада со Анкара. А сепак многумина од нив се солидарни со Месут Озил, германскиот фудбалер со турско потекло кој одлучи да ја напушти германската репрезентација по острите критики што ги доби заради фотографијата со турскиот претседател.

Сега Путин го кани Трамп во Москва

Откако Трамп преку Советникот за национална безбедност, Џон Болтон, пушти абер дека сака Путин да му дојде на гости во Белата куќа, реакцијата на рускиот претседател беше - ништо. Цели пет дена ниту ја прифати, ниту ја одби поканата.

Катар ги саботирал конкурентските кандидатури за СП 2022

Британски медиуми објавуваат протечени мејлови според кои Катар ангажирал пи-ар агенција и поранешни агенти за ЦИА со цел ширење на лажна пропаганда за главните конкуренти за организирање на Мундијалот во 2022, САД и Австралија.

Замина човекот што умирашe два пати

Се изнамачи со тоа ракот и на 71-годишна возраст почина Оливер Драгојевиќ, чудесното далматинско грло што со нас сподели едно од најфасцинантните зреења на кои сме сведочеле, во музичка и гласовна смисла. Џони Кеш, Шабан Бајрамовиќ, Оливер Драгојевиќ. Без каков трилинг неповторливи старки останавме! 

Демократијата e како Ајрон Мејден

На линија на она што Рамбо одамна го зборува (види го интервјуто за Офф.нет: „Демократијата кај нас е диктатура на глупаци“) кога бара пред да се добие право на глас да се мине некој базичен тест на интелигенција и знаење, и во светот продолжува потрагата по лек за главниот баг на демократијата: петмина идиоти секогаш ќе надгласаат двајца паметни. Една од алтернативите е епистократија. Владеење на упатените, компетентните.  

Кутрите неплатени програмери

Ако мислиш дека вработени во американската технолошка индустрија се едни од ретките кои не може да кажат дека се незадоволни од својата плата, тоа е само затоа што ги немаш прашано.

Адвокатот на Ел Чапо бара доказ дека сите од списокот на убиени стварно се мртви

Составувајќи го случајот против Ел Чапо, американското обвинителство како доказ испорача и еден список на луѓе убиени по нарачка на првиот човек на Синалоа картелот. Како што обично бива кога обвинителство ќе почне да работи на рекла-казала и урбани легенди доказите баш и не излегуваат најстабилни.

Трамп нема да падне со еден сведок

Признанието на доскорешниот адвокат на американскиот претседател дека Трамп бил известен за состанокот со Русите во јуни 2016 во Трамп тауер, нема да држи во суд доколку остане само на тоа едно сведоштво.

Русите се премногу навредени од Данците за да им се мешаат во дански работи

Ако и кај владата и кај опозицијата и кај медиумите во скандинавската држава преовладуваат силни анти-руски чувства, кај кого тоа тие би се мешале за да ги изместат изборите, прашува руската амбасада во земјата.

Добро ви е тоа ЕУ... како за нескандинавци

Не дека се на мала душа и дека би напуштале, ама ако мора да бираат значителен дел од Швеѓаните и Данците попрво би биле дел од „Нордиска унија“ меѓу Шведска, Данска, Норвешка, Финска и Исланд, отколку оваа сегашнава Европската Унија.

Како Португалија се оправи одбивајќи да стега каиш

Во една точка на кризата, Португалија реши да ги батали дифолтните решенија на ММФ, Германија и другите меѓународни кредитори: кратете трошоци, стегајте каиш а ние ќе ви даваме нови кредити за да може да ги плаќате старите. Еве ја сега, се крева на нозе па дури и ЕУ ѝ признава дека нашла подобар модел за излегување од криза.

Грција, 1993 година

Хелсиншки и Хјуман рајтс пишуваат детален извештај за скандалозната состојба со човековите права во Грција. Сосе одења во затвор затоа што некој се чувствувал за Македонец. Но, 1993-та година е тоа, си мислиме дека дури и младата македонска држава да се покаже неука во одбрана на тие луѓе, самата Европа нема да дозволи тоа така да помине. Европа е тоа, човекови права, вредности, цивилизација! Во 2018 е јасно како тоа помина: потпишавме дека нема што таму некој да се чувствува како Македонец. Освен ако е Грк.

1,1 милијарда килограми месо

Ова е вкупната количина на вишок говедско, свинско, пилешко и мисиркино месо што моментално лежи во индустриските ладилници низ САД, и ако се производителите за верување, веќе снемува место за чување на вишокот.

Несреќен брак не е основа за развод

Жена побарала развод на брак кој траел 40 години затоа што во тој брак веќе немало љубов. Не оди тоа така, ѝ кажал судот. Не шеријатскиот во Судан, туку врховниот во Велика Британија.

За еден ден вредноста на Фејсбук падна за речиси 110 милијарди долари

Акциите на Фејсбук денес на отворањето на њујоршката берза изгубија 18% од вредноста откако вчера компанијата соопшти дека 3 милиони корисници во Европа ја имаат напуштено социјалната мрежа по откривање на скандалот со Кембриџ аналитика.

Од брегзит до бреферендум

Поранешниот британски министер за брегзит, Дејвид Дејвис, низ цел свој мандат повторува дека Британците во 2016 гласаат за напуштање на ЕУ а притоа да ги задржат истите бенефити што ги имаат како членка. На помалку од една година до брегзит британската влада не може да собере доволно гласови во парламент за каков бил реалистичен план за напуштање на ЕУ, ситуација во која втор референдум не е ни приближно незамислив како што беше.

Отпуштањето на Џејмс Ган му штети на цел Холивуд

Пред околу 10 години режисерот на Чувари на Галаксијата, пишува неколку твитови во кои се „шегува“ со работи како силување и педофилија. Твитовите деновиве повторно се актуелизираат и пред целата работа да стане уште понеподнослива за Дизни, компанијата решава да го отпушти авторот на мега-успешните Чувари на Галаксијата 1 и 2.