Пресметките се правени за покривање на планот на Берни Сандерс за здравствена заштита за целото население на САД, и се работи за дополнителната сума што американската влада ќе треба да ја плати во однос на она што сега го покрива со државни пари.
Иако потрошувачката на владата значително би се зголемила, севкупниот годишен цех на американското здравство би останал ист. Би се заштедило на исплати за посредници, лекови и административни трошоци.
Едно од предвидувањата е дека болниците и докторите ќе бидат платени по посебна стапка, која е пониска од она што сега го добиваат од приватните осигуреници, но повисока од стандардната плата за јавното здравство.
Планот на Берни за универзален систем за здравствена заштита предвидува здравствено осигурување за секој еден Американец, а притоа таа заштита да опфаќа многу повеќе услуги отколку во моментов.