Добро ви е тоа ЕУ... како за нескандинавци

Не дека се на мала душа и дека би напуштале, ама ако мора да бираат значителен дел од Швеѓаните и Данците попрво би биле дел од „Нордиска унија“ меѓу Шведска, Данска, Норвешка, Финска и Исланд, отколку оваа сегашнава Европската Унија.

Во анкетата на левичарскиот норвешки весник Класкампен, речиси половина од испитаните Швеѓани и Данци повеќе преферираат локална Унија со нордиските соседи. За Нордиската опција биле 47% од Швеѓаните и 45% од Данците, додека за актуелната Европска унија се изјасниле 32% од првите и 36% од вторите (останатите не биле сигурни).

Анкетата била спроведена и во Норвешка, каде на испитаниците им биле дадени три опции (земјата не е членка на ЕУ): задржување на сегашниот статус и партнерство со ЕУ (влажниот сон на Британците), Нордиска унија или членство во ЕУ. Резултатите биле: 52% за првата опција, 31% за втората и 10%.

Иако по наследство им следува членство во потенцијалната Нордиска унија, Финците и Исланѓаните не се анкетирани за своите ставови.

27 јули 2018 - 14:50