Од брегзит до бреферендум

Поранешниот британски министер за брегзит, Дејвид Дејвис, низ цел свој мандат повторува дека Британците во 2016 гласаат за напуштање на ЕУ а притоа да ги задржат истите бенефити што ги имаат како членка. На помалку од една година до брегзит британската влада не може да собере доволно гласови во парламент за каков бил реалистичен план за напуштање на ЕУ, ситуација во која втор референдум не е ни приближно незамислив како што беше.

Реториката на Дејвис, заради својата неспорна привлечност, брзо беше преземена и од британската премиерка. Овие двајца дури и звучеа разумно и смирено во однос на она што го ветуваше Борис Џонсон: слобода за британските граѓани да работат каде сакаат низ ЕУ, додека во исто време дома ќе се намалува бројот на мигранти; а притоа и да се задржи пристапот до заедничкиот пазар и слично.

„Последиците од ова самозалажување сега стануваат очигледни, како што британската влада неуспешно се обидува да собере парламентарно мнозинство за каков било реалистичен брегзит план. Ако ваквата ситуација продолжи, Британија ќе има само една алтернатива: уште еден референдум за преиспитување на невозможните резултати од гласањето во 2016,“ пишува поранешниот колумнист на Тајмс оф Лондон и Њујорк тајмс, Анатол Калетски.

Тајмс моментално проценува дека има 50% шанса за таков референдум. Во исто време кога еден од високите функционери на конзервативците ја предложи опцијата за референдум, забелешките не беа околу принципот за втор референдум, туку како ќе се утврди точното прашање и методот на гласање.

Вината за ова Калетски ја префрла и на „себе-поразувачкото однесување на радикалните брегзитери од конзервативната партија.“

„Кога Дејвис и Џонсон си поднесоа оставка, започнаа хаотични парламентарни побуни. Како резултат на ова, главната опозициска партија, Лабуристите, сега гледаат реална шанса за соборување на владата на Меј и предизвикување на општи избори со обединување или со радикалните брегзитери или со проевропските конзервативци за убивање на кој било план што Меј на крај ќе го поднесе пред Парламентот,“ анализира Калетски.

Во сите комбинации и пребројувања, на крај излегува дека на конзервативците никако не им одговараат нови избори, што е исто еден од можните излези, и дека е многу веројатно дека Меј ќе го спои предлог договорот за брегзит со референдум на кој ќе треба да се избере меѓу нејзиниот план и останување во ЕУ.

„Логиката покажува дека таков референдум ќе ја промени одлуката од 2016 за напуштање на ЕУ, бидејќи секој конкретен предлог за брегзит претставен од владата ќе биде далеку помалку привлечен отколку утопијата што со мала разлика победи на изборите пред две години.

Меѓутоа следната година гласачите би можеле да имаат и толку насобран гнев на Европа (од преговорите) и повторно да гласаат за напуштање. Ако се случи тоа, брегзит би можел да продолжи под кои било услови што Меј ќе ги договори, и никој не би можел да се пожали на последиците и трошоците,“ пишува Калетски.

Неговата завршна поента е дека токму вториот брегзит ќе биде искрен избор меѓу автентични и правилно искажани опции, „наместо демагогија дека два плус два е еднакво на пет.“

26 јули 2018 - 15:30