Тини Овенс го изгуби случајот со барањето развод и на апелација, откако петмина врховни судии ја поддржаа претходната одлука на граѓанскиот суд дека таа треба да остане мажена Хју Овенс.
Таа е во доцни 60-ти и сака да се разведе од Хју кој има 80-тина со објаснување дека брачната врска им е несреќна и непоправлива. Плус Хју се однесувал неразумно. Тој пак нејќе да чуе да ги прифати ваквите аргументи и да ѝ даде развод. Вика дека само ѝ е досадно а проблем е и што имала афера.
Се имаат венчано во 1978 година а од 2015 не живеат заедно, кога Тини поднела барање за развод на бракот.
Одлуката на апелација се базира на проценката дека Тини во правна смисла не успеала да докаже дека бракот им е непоправливо расипан. Дел од судиите велат дека неволно донеле таква одлука но се држеле до законот а со ваквиот спорен услов за развод треба да се позанимава парламентот.
Следна шанса на Тини да се разведе од Хју е во 2020 година кога би се навршиле 5 години од нивната раздвоеност што е доволна причина за правно раскинување на нивната заедница.