Вол стрит журнал објавува дека американските фармери годинава имаат произведено рекордни 46 милијарди килограми месо. Меѓутоа вишокот не е ниту заради рекордното производство, ниту затоа што Американците намалиле со месо, туку се должи на проблемите со извоз предизвикани од трговските војни што Трамп ги започна со воведувањето дополнителни акцизи.
Како одговор на дополнителните акцизи, Кина и Мексико воведоа дополнителни давачки на дел од американските производи, заради што почна да паѓа извозот. За сега американската влада не планира никакво попуштање на темата, што го покажа со одвојување на 30 милијарди долари за субвенции на погодените земјоделци. Планот за субвенции беше надополнет со ветување дека „на земјоделските краеви на САД допрва ќе им биде подобро со новите трговски договори што администрацијата се обидува да ги истурка.“
Освен месото, има вишок и сирења и кашкавали и тоа во количина од околу 630 милиони килограми.
Вишокот месо и кашкавали, прикажан на куп, го имате долу. За споредба, тоа белото е Капитол хил во Вашингтон, седиштето на американскиот Конгрес и останати институции.