Отворањето на Мајкл Коен, доколку биде потврдено, би докажало дека кампањата на Трамп сакала да и помогне на руската операција за поставување на Трамп во Белата куќа, и дека претседателскиот кандидат бил свесен за тоа.
„Тврдењето на Коен само по себе не е доволен доказ. Ако тој има некаква белешка од тоа, ако има снимка, или имало втора, трета или четврта лично која може да потврди, тогаш тоа почнува да личи на доказ. Не би можел да замислам дека обвинител може да базира обвинение на нешто толку тенко,“ објаснува професорот по право на Сент Џонс Универзитетот и поранешен правен советник на Иран-Контра аферата, Џон Барет.
Неколку часа откако Си-ен-ен во петокот ја објави веста, Трамп на Твитер негираше дека имал каква било информација околу состанокот. Исто ова во различни форми Трамп го негира уште од завршувањето на изборите во САД во 2016.
Доколку тврдењето на Коен се покаже за точно, тоа ќе им наштети и на соработниците на Трамп кои претходно на федералните власти и на сослушувањето во Конгресот изјавија дека тогашниот претседателски кандидат немал поим за состанокот.
Информацијата за состанокот минатиот јули прв пат ја објави Њујорк тајмс, и според таа верзија средбата била договорена од Доналд Трамп помладиот откако разбрал дека руската влада има „валкани работи“ за Хилари Клинтон. Освен Доналд Трамп помладиот на состанокот, од американска страна, присуствувал и првиот човек на кампањата на Трамп, Пол Манафорт, и зетот на Трамп, Џаред Кушнер. Карши нив била Наталија Веселницкаја, руската адвокатка што треба да има блиски врски со Кремљ. Трамп помладиот во своето сведочење изјави дека тој не добил никакви „валкани информации“ за Хилари, туку дека се разговарало околу олабавувањето на Магнитски законот, со кој САД санкционира поедини руски државјани.
„И покрај се, можеби има причина за сомневање во вистинитоста на исказите на Коен. Неговото вртење против Трамп, неговиот долгогодишен шеф, доаѓа откако во април годинава федералните власти извршија рација на неговиот дом. Случајот што моментално се води против Коен е одделен од истрагата на Милер, и се фокусира на наводните пари што Коен кон крајот 2016 и ги има исплатено за замолчување на жена која тврди дека имала афера со претседателот...
...Коен може да ја кажува вистината - или едноставно може да бара договор за избегнување на затвор,“ пишува Адам Сервер во текстот за Атлантик.
Околу последиците од претходните изјави и сведочења на Коен, Барет објаснува: „ако има кажано нешто кое не се согласува со неговото ново тврдење во конгресните сослушувања, тогаш тоа е вистински проблем со кредибилитетот. Од друга страна луѓето некогаш основано можат да објаснат 'лажев за тоа и тоа, и еве зошто сега одлучив да ја кажам вистината.' Фактот дека некој имал неконзистентна првична изјава не е фатален, ама е товар, и тоа потенцијално прилично сериозен товар.“
Процената е дека доколку не се обезбедат сведоци или белешки кои ќе го потврдат тврдењето на Коен, тоа во краен случај ќе придонесе само кон „дополнителна ерозија на кредибилитетот на претседателот.“
Според Си-ен-ен Коен исто така изјавил дека имало и други присутни кога Трамп бил информиран за состанокот со Русите.