Русите се премногу навредени од Данците за да им се мешаат во дански работи

Ако и кај владата и кај опозицијата и кај медиумите во скандинавската држава преовладуваат силни анти-руски чувства, кај кого тоа тие би се мешале за да ги изместат изборите, прашува руската амбасада во земјата.

Рускиот амбасадор во Данска, Микаил Ванин, зборувајќи против „русофобните изјави“ на данските експерти и функционери, објаснува дека „бидејќи нема разлика меѓу русофобијата на владата на Данска и опозицијата, мешањето во данските избори нема никаква смисла.“

Кратко по ова на официјалната Твитер сметка на руската амбасада во Данска како појаснување е објавен линк до целосната изјава на амбасадорот Ванин во која меѓу другото се наведува:

„Русофобните изјави во данските медиуми не се изненадување за нас. Во изминатите неколку години т.нр. дански експерти и аналитичари за Русија се натпреваруваат со завидна упорност кој ќе даде највпечатлива анти-руска изјава, и со тоа да го потсетат данското општество за сопственото постоење. Од данската академска заедница немаме чуено ниту една трезвена проценка на руско-данските односи и можен начин за излез од сегашната криза.“

Изјавите следуваат по текстот што во понеделникот беше објавен од весникот Берлингске, во кој првиот човек на данското воено разузнавање, Ларс Финдсен, изјави дека Данска се подготвува за потенцијално руско мешање во парламентарните избори закажани за 2019.

Твитовите од руската амбасада беа дочекани како неочекувано признавање, и „најблиско нешто до признание дека мешањето во демократски избори во странски држави е стандардна пракса за Русија.“