Вести

Како вештачката интелигенција ја проценуваа онаа на Трамп

Трамп често се фали со својата интелигенција – легендарни се неговите процени за себе дека е „навистина многу паметен“ и „многу стабилен гениј“, како и фалбите дека беспрекорно ги положил трите когнитивни теста. Седум различни модели на вештачка интелигенција добиле задача да му го измерат умот. Не е за фалење.

Европската автомобилска индустрија сама си ја копа дупката

Кризата во автомобилската индустрија во Европа не е само последица на кинеската конкуренција, слабата побарувачка и поскапата енергија. Производителите предолго инвестирале во мотори со внатрешно согорување, краткорочна профитабилност и дивиденди, а предоцна во производство на батерии, електрификација и развој на софтвер, заклучуваат економисти на Allianz.

Се претерува со дијагнозите за АДХД заради бенефиции

Системот за социјална помош во Британија е една од главните причини за огромното зголемување на бројот на дијагнози на аутизам и АДХД. Медицинските потврди отвораат порта кон финансиски стимулации, лични бенефиции и поддршка во училиштата и работните места. Ова има несакани последици, затоа што дијагнозата може да стане дел од идентитетот.

Речник

Американските тинејџери го отфрлаат ЛГБТ идентитетот

Анализа на неодамна објавените податоци од Центрите за контрола и превенција на болести покажува нагло опаѓање на бројот на млади тинејџери во Америка кои се идентификуваат како лезбејки, геј или бисексуалци. Меѓу девојчињата во деветто одделение бројките се преполовени. Политиката на администрацијата на Трамп веројатно има влијание, но не е единствениот фактор.

Оделото го откри Трамп колку му е Америка на прво место

Доналд Трамп даде уште еден повод да го викаат евтин лажов и лицемер откако за време на предизборен партиски митинг во Небраска, несакајќи откри од каде ги купува неговите костуми. Се работи за нискобуџетниот бренд Jos. A. Bank, кој ја произведува својата облека во земји како Кина и Бангладеш.

Трамп ги отвори секташките рани на Блискиот Исток

Доналд Трамп неодговорно си поигрува на Блискиот Исток со сили кои не ги разбира, што може да доведе до катастрофални последици. Ги разгоре длабоките секташки тензии вкоренети во Либан, Сирија и Ирак, па сè до Јемен и Бахреин на другиот брег на Заливот. Нови граѓански војни ќе испратат нов бран бегалци кон Јордан и Турција, а потоа и кон Европа.

Трагедијата на еврото

За прв пат во човековата историја 19 европски нации се откажаа од сопствената валута за да користат заедничка валута. Ова се сметаше за круната на децениските процеси за обединување на европските народи по сите дотогашни успеси што ги донесе нивното единството, пред се децении минати без војна.

Како да спискаш 700 милијарди долари, исклучително брзо

Целата операција се сведува на две точки. Прво ги купуваш најскапите оружја во историјата, второ, не користиш речиси ништо од нив бидејќи најголемиот дел од новото оружје што си го купил не работи.

Како преминувањето улица стана сељачко?

Како природен тек на нештата може да ни личи денес пожелниот начин на преминување улица: на семафор да чекаш зелено светло или пак на пешачки премин (второво кај нас оди со урнебесен додаток: климање со глава на тој што те пуштил во знак на неописива благодарност, ко да е Шиндлер кој само што решил баш тебе да те стави на листа). А зад таквите навики стои една подзаборавена агресивна кампања на автомобилџиите кои пред еден век решија да редефинираат кој ја има и кој е газда на улицата.

Што ќар од годишен одмор?

Без разлика кога ќе решиш да го земеш одморот, најважно е да решиш да го земеш, што и како ќе правиш понатаму има многу помало влијание.

Проблемот со населувањето на Марс - рак

Од групата што моментално претендира да однесе човек до Марс (меѓу кои и Кина, Русија, Елон Маск...) најголема веројатност за успех има НАСА која планира тоа да го направи во следни 15 до 20 години. Една неодамнешна студија само го надополни постојниот список на проблеми околу проектот „човек на Марс“.

Зошто муслиманскиот свет молчи за третманот на муслиманите во Кина?

Бројката на Ујгури во Кина се движи меѓу 11 и 15 милиони луѓе (зависи кого прашаш), и за сега Обединетите нации и САД се главни критичари за начинот на кој Кина ги третира муслиманите во својата земја. Во исто време, стандардно гласните и (финансиски) активни муслимански земји низ светот се неми на темата.

Не е дрога сè што е бело

Американските власти неодамна објавуваат дека во организирана акција заплениле дрога во вредност од 2 милиона долара. (Погледни наслов.)

А ова е твојот мозок на загаден воздух

Ако некој нема недостаток од загаден воздух тоа се Кинезите. Позитивна страна на вака несреќната околност е што можат пообемно да ги истражат последиците што живеењето во гнаса од градови го има врз огромни бројки од луѓе.

Милан Кундера во врвот на про-македонската интелектуална алијанса

Професори од Оксфорд, Принстон, Лондон, Болоња, Загреб, Австралија и други места, како и писатели, поети, уметници, уредници, издавачи и други интелектуалци го ставија својот потпис на „Отворено писмо’ со аргументи против бизарниот преспански договор по кој треба да се викаме онака како што Грција прифатила да се викаме (ако се смилуваат доволен број грчки пратеници), а атрибутот "македонски" ќе биде ќе биде избришан од сите службени документи и од јавна употреба под закана од орвелијански санкции.  

Хомеопатска компанија повлекува над 600 производи

Американската Администрација за храна и лекови (ФДА) откри „високи нивоа на микробна контаминација“ во производите на Кинг био наменети за луѓе и животни. Од компанијата објаснуваат дека повлекувањето го прават повеќе од атер на ФДА, отколку што нешто имало.

Штетниците во Нов Зеланд се - мачки

Регионален совет во Нов Зеланд размислува за воведување забрана за чување мачки, кои инаку претставуваат една од најголемите напасти за тамошните домородни животни.

Дали стварно луѓето мислат дека е рамна?

Миленијалците како една од генерациите на кои и се припишува крахот на човековата цивилизација, истовремено е и генерацијата меѓу која има најмало мнозинство на луѓе кои се сигурни дека Земјата е округла.

Кокосово масло, уште еден паднат херој од „суперхрана“

Дури и ако по некои основи на нутриционизам ти е јасно дека кокосовото масло не е „чист отров“, до сега треба да ти е идентично јасно дека тоа е далеку од „суперхрана“, како и сè што до сега прогласија за „суперхрана“.

Како ЕУ замислува туризам

Новата над милион евра вредна туристичка атракција на Советот на министри на ЕУ, со наслов „Домот на земјите членки“, направена со цел зближување на ЕУ кон граѓаните и народот што го владее, нема да работи за викенди и празници, а ако сакаш да ја посетиш ќе треба да се најавиш 5 дена порано.

Клучната сила на Трамп е што зборува „американски“

Трамп зборува американски. Тоа е она што не го разбираат неговите критичари. Тоа е она што не можат да го сфатат аналитичарите во телевизиските панели. Можете да кажете дека неговите фанови се идиоти и морони ама така и вие почнувате да зборувате американски.

Човекот е најголем непријател на авто-пилотот

Сообраќајните инциденти во кои учествувале возила со автономно управување покажуваат дека сиот тој напреден софтвер во нив сè уште не може да го контролира говедото зад воланот.

Аларм во НАТО: Руси и Кинези - 300.000

Русите за септември ја најавија најголемата воена вежба после завршувањето на Студената војна на која воени игри ќе симулуираат неверојатни  300.000 војници. Две дополнителни главоболки за Алијансата: 1) на руската вежба ќе учествуваат и Кинези 2) НАТО уште е без Македонија.

Конзервативни вработени на Фејсбук против нетолерантната култура на компанија

Над 100 вработени на Фејсбук кои себе се сметаат за политички конзервативци се организираат во внатрешна група со цел да се справат со „нетолерантната“ култура на компанијата кон поинакво политичко размислување.

Грција никогаш не излезе од долгот, останува во должничкиот затвор на ЕУ

Претерано тешките услови поврзани со пакетот за „спасување“ значи дека грчката финансиска трагедија може никогаш нема да заврши.

За епидемијата на деца што го минуваат распустот пред монитор

Докторите треба да препишуваат „играње на рецепта“ за да можат да се справат со дебелината и проблемите со менталното здравје кај децата, препорачува првиот човек на Канцеларијата на комесарот за деца на Англија.

Големиот кинески грабеж

Во крајно филмски исход на настаните, кинеската влада се смета за одговорна за грабежите на најразлични историски кинески артефакти од музеи низ Европа. П.С. тањирчето на сликата е продадено за 36 милиони долари.

Четири туристички измами низ Европа

Суштината на секоја од измамите е: почнува бесплатно (ќе се потпишеш, ќе добиеш нешто гратис), завршува со тоа дека треба да дадеш пари. И ова функционира без разлика дали си во Рим, Прага или Париз.

Инстаграмџија на денот

Пол Фларт не е ниту фотограф, ниту дизајнер, ниту инфлуенсер, „паблик фигур“, експерт за здрава-органска-нонГМО-веган-raw храна или травел блогер. Фларт работи обезбедување, она лежерното, не вратарско. Барем работеше додека неговиот Инстаграм профил не се популаризираше, а тој заврши избркан од работа.

Пишман Маск

Прво твит (кој според многу сомнителни извори е напишан во многу несвесна состојба), па писмо за објаснување на твитот, па муабети за пари од Саудијци, за на крај целата работа со повлекување на Тесла од берзата да заврши со соопштение од Илон Маск во петок навечер дека компанијата останува на берза.