Човекот е најголем непријател на авто-пилотот

Сообраќајните инциденти во кои учествувале возила со автономно управување покажуваат дека сиот тој напреден софтвер во нив сè уште не може да го контролира говедото зад воланот.

Во Калифорнија има пријавено 55 компании кои нудат автономни возила а регистрирани се 54 нови инциденти во кои учествувале такви возила. Проверка на податоците покажува дека сите тие сообраќајки ги поврзува една работа - човечкиот фактор.

Овие подолу беж боја колички го покажуваат бројот на инциденти во кои возилото со автопилот не било виновно. Дури и кога било тоа случај, најчесто со воланот сепак управувал човек (конвенционално возење).

Иако стапката на сообраќајќи на автономните возила е неспоредлива со оние кои ги прават конценционалните автомобили, бројките покажуваат дека автономните возила во моментов не се доволно напредни да се справат со човечкиот фактор.

Инаку, три инциденти се должеле на тоа што луѓе намерно удирале автомобил со авто-пилот. Чисто да видат како ќе се понаша.

29 август 2018 - 12:12