„Очигледно е дека најголемиот дел од постојните акционери на Тесла веруваат дека подобро ни е да останеме јавна компанија. Дополнително, голем број финансиски институции кои се акционери во компанијата објаснија дека имаат внатрешни ограничувања околу тоа колку можат да инвестираат во приватна компанија,“ напиша Маск во писмото објавено во петокот вечерта.
Истото што го кажува во писмото, тој им ги има соопштено и на луѓето од бордот на директори на Тесла.
На 7-ми август Маск на Твитер напиша (наводно додека бил на ЛСД) дека планира да ја трга Тесла од берзата и да ги откупи сите акции на акционерите што сакаат да напуштат. Додека луѓе се мислеа дали твитот е за верување или не, акциите на Тесла скокнаа за над 10%.
За помалку од една седмица Маск објави дека „мистериозниот инвеститор“ (проектот се очекуваше да чини околу 50 милијарди долари) се Саудијците.
На 14-ти август компанијата објави дека бордот на директори формирал „специјален комитет“ од тројца директори кои испитуваат дали е изводливо приватизирање на фирмата. Од компанијата изјавија дека „специјалниот комитет се уште нема добиено формален предлог од г-дин Маск во врска со трансакцијата за приватизирање, ниту пак дојде до заклучок околу изводливост на таквата трансакција.“
Комитетот формално е распуштен во четвртокот на 23 август.