Формирањето на групата „FB'ers for Political Diversity“ содејствуваше со неодамнешниот интерен пост на високиот инженер на Фејсбук, Брајан Америџ, каде тој порачува „ние сме во политичка монокулутра која е нетолерантна кон различни гледишта... ние тврдиме дека сме отворени кон сите перспективи, но сме брзи да го нападнеме - често во толпи - секого што ќе претстави гледиште кое е спротивно на левичарски наклонетата идеологија“.
Обвинувањата за „монокултура“ и пристрасност се чести во однос на речиси сите компании од Силициумската долина, кои подеднакво се трудат да го отфрлат и негираат истото.
Во јули минатата година Гугл беше сред еден сличен скандал кога инженерот Џејмс Даморе напиша интерен текст до вработените на Гугл во кој зборуваше за „идеолошката ехо комора на Гугл“ во кој ги нападна обидите за разноликост на компанијата.
Во не толку официјална форма, дел од конзервативците вработени во Силициумската долина тврдат, без докази, дека компаниите што ги поседуваат социјалните мрежи намерно ги „стишуваат и цензурираат не-либералните гласови на нивните платформи“.
Фејсбук и претходно имаше една слична група која за време на изборите 2016 се претвори во собиралиште на вработени на компанијата кои се конзервативци и симпатизери на Трамп. Групата беше изгасена во декември 2016 со објаснување дека разговорите таму „станале грди и го алармирале менаџментот.“