Не е дрога сè што е бело

Американските власти неодамна објавуваат дека во организирана акција заплениле дрога во вредност од 2 милиона долара. (Погледни наслов.)

Се работи за 5,5 килограми фентанил, чија заплена се сметаше за една од најголемите во историјата на Северна Каролина.

Откако запленетата дрога беше предадена на вештачење во тамошната кривична лабораторија, резултатите покажале дека не станува збор за фентанил, како што излегло на тестовите на терен, туку дека полицијата има запленето 5,5 килограми шеќер.

Иако последниве години исчезна секаква сомнеж за способноста на шеќерот да создаде зависност бетер од некои дроги, сепак за сега нема да има никаква казна за недозволено поседување шеќер.

Тоа што нема да одговараат за шеќер во вредност од 8 долари нема целосно да и помогне на уапсената тројка, кај која во истата рација се најдени хероин и уште некои дроги.

Нешто повеќе за најевтината дрога, тука:

 

31 август 2018 - 16:28