Нова студија следи 50.000 Кинези во 2010-та и потоа повторно истите ги проверува во 2014. Ваквата временска дистанца им дозволува на истражувачите да направат споредба меѓу резултатите и промената што настанала кај истите луѓе во овој период.
На учесниците им е даден тест со математички задачи и вербални/јазични задачи со растечко ниво на тешкотија. Тие одговарале на прашањата се додека не згрешат три по ред и добиваат оценка според тоа до каде стигнале.
Заедно со резултатите, за секој учесник се запишува и датумот, времето и локацијата, за истражувачите подоцна да можат да ги споредат со соодветните мерки за квалитет на воздухот.
Она што го заклучуваат на крај е дека иако загадениот воздух на краток рок има крајно ограничено влијание врз резултатите, на долг рок тој значително ги намалува резултатите кај вербалните задачи, додека кај математичките има нешто помало влијание.
По полови, загадувањето успеало помалку да го симне вербалниот капацитет кај жените отколку кај мажите. По возраст, загадувањето имало најголемо влијание на резултатите од вербалните задачи кај постарите мажи и кај помалку образованите мажи.