За разлика од одмор, претерана работа може да доведе до здравствени проблеми, па така луѓето кои работат повеќе од 55 часа неделно е 33% поверојатно да имаат мозочен удар, и 13% поголем ризик од срцев напад отколку оние кои работат по 35 до 40 часа неделно. Самото претерување со прекувремена работа не значи и задолжително зголемување на продуктивноста, која според економистите почнува да тоне по 48 часа работа неделно.
Одбивањето да си дадеш фора да се одмориш и да се тргнеш од „надворешен стрес“ го отежнува опуштањето на твоето тело, или стручно објаснето без одмор „нервните врски кои создаваат чувство на смиреност и мир стануваат послаби, и го отежнуваат твоето префрлање во помалку стресна состојба.“ Дополнителна вредност на ова е што не само одморот, туку и чекањето да одат на одмор ги прави луѓето посреќни.
Малку разочарува, но под одмор се важи дури и 24-часовен тајм аут од стандардната рутина. Доколку го продолжиш и издржиш 3 дена, ќе имаш многу побрзо време на реакција.
По основа на испитувања на средовечни мажи со срцеви проблеми од различни страни на светот, се заклучува дека оние што земале пократок одмор имале 37% поголеми шанси да умрат порано отколку они кои подолготрајно се посветиле на одморот.
Притоа во ниту една од овие студии одморот не е никако ограничен по основа дека мора да биде само море или езеро, и подразбира какво било одлогирање од работа. Еден амандман на ова е дека многу поголема корист имало од одморите кои биле без чекање долги редови за што било или долги авионски летови (веројатно истото важи и за тормозење со автобус).
Еден од советите е дека бенефитите од одморот се значително поголеми ако тој е активен (планинарење, пливање, точак, што и да нуди околината) отколку ако 10 дена се легачи и се јаде, или се шлае по продавници.
Меѓу најдругарските препораки околу одморот е - немој да им праќаш мејлови на колеги што се на одмор.