Според планот за контрола на штетници, сите домашни мачки во Омауи регионот ќе бидат кастрирани, ќе им биде ставен микрочип и ќе се регистрираат. Дополнително, кога мачка ќе умре, сопствениците од регионот повеќе нема да смеат да купат или да вдомат нова.
Иницијаторите објаснуваат дека не мразат мачки сами по себе, ама неопходно е во регионот да се има одговорно чување миленици и да се разбере дека тоа не е место за мачки.
Според властите, планот за намалување на бројот на мачки ќе има крајно позитивно влијание на околината и на птичјиот фонд во регионот.
За дел од сопствениците на мачки (конкретниот пример има три) тие прво се единствен начин за справување со глодари, а забраната е доказ дека Нов Зеланд е станат полициска држава.
Укинувањето мачки е дел од амбициозниот план на Нов Зеланд да биде земја без предатори до 2050, кој вклучува требење и на останати видови донесени од европските доселеници како стаорци, ласици и опосум.
Планот е започнат во 2016, во неговата промоција тамошната влада наведува дека донесените животински видови ја чинат економијата на Нов Зеланд околу 2 милијарди евра годишно.
Со планот за истребување на мачките согласни се и власт и опозиција и население и екологисти.