Ова е второ вакво повлекување на производи од страна на Кинг био, откако во јули објавија дека тргаат 3 производи од пазарот. Минатата недела тие повлекоа уште 32 детски и производи за новороденчиња, што не беше доволно за ФДА, по што следуваше одлуката за повлекување на речиси 600 производи.
Комесарот на ФДА во изјавата околу барањето до Кинг био сподели инсајдерски информации за работењето на компанијата и нејзините стандарди:
„Ние сериозно ги сфаќаме проблемите со квалитет на производите, и кога при некоја наша инспекција ќе се соочиме со под стандардни услови - во овој случај услови кои доведуваат до високи нивоа на микробна контаминација со потенцијал да и наштетат на јавноста - ние делуваме брзо со цел да осигуриме дека тие производи се тргнати од употреба.“
Во инспекцијата на просторите во кои се пакуваат хомеопатските водички, откриени се неколку штетни состојки меѓу кои и бактерија (Burkholderia multivorans) за која се знае дека предизвикува тешки заболувања кај луѓето со ослабен имунитетен систем. Од ФДА нагласиле дека нивните докази покажуваат дека „контаминацијата која се повторува повеќе пати е поврзана со водоводот кој се користи при производството“.
Меѓу повлечените производи се Natural Medicine, Aquaflora, Natural Pet Pharmaceuticals, SafeCareRx, Natural Veterinary, и Safecare. Целата листа ја има тука.
Од компанијата објаснуваат дека иако ниту една пријавена повреда или заболување како последица на користење на нивните производи, тие ги повлекуваат истите „заради претерана претпазливост“.