Вести

Евтин бурбон ги потепа скапите и ексклузивни ривали

Шише бурбон од Кентаки кое чини 1.370 денари освои едно од најголемите признанија во годината, победувајќи вискија што чинат и 10 и 20 пати повеќе од него. Стар рецепт, рачно насликано лого... Не го барајте кај нас по рафтови. За жал, се продава само во Кентаки.

Џон Клиз на тапет зашто се закача со исламот

Легендата на „Монти Пајтон“, Џон Клиз, нагазува уште повеќе на тема ислам откако активисти поднесоа жалба со која побараа од британската програма за борба против радикализацијата да се испита случајот поради неговите ставови. Сите на кои им пречат неговите критики на исламот, Клиз ги потсетува да видат како беше третирано христијанството од него и другите монтитпајтоновци. 

Кој ги запали младите во Франција?

Се крева чад во близина на Ајфеловата кула, горат училишта, Париз е блокиран со барикади... Протестите што почнаа во училниците поради претерано напорен распоред на часовите прераснуваат во уличен хаос, потпалуван од левичарски и од исламистички групи, кој може само да биде подарок за претседателските амбиции на Марин Ле Пен.

Речник

Сопствен дом е сомнителна инвестиција

Во менталитетот на Американците е вградена теоријата дека поседувањето сопствен дом е сигурна инвестиција, која гарантира финансиски успех поради долгорочниот раст на цените на недвижностите. Сепак, анализа на „Волстрит журнал“ укажува дека во повеќето случаи е поисплатливо да се живее под кирија, а парите издвоени за домот да се оплодат со инвестиции.

Германците најмногу се плашат од сопствената влада

Помина времето кога Германците беа загрижени од климатските промени или од ризикот од војна. Главниот страв сега им e дали ќе останат без пари, состојбата на економијата и особено нефункционалноста на државата, покажува новото годишно истражување German Angst. Друга анкета покажа дека рејтингот на одобрување на канцеларот Мерц паднал на рекордно ниски 10%.

Во името на светиот Клод, ентер

Муабети во Силициумската долина стануваат сè почести дека инжинерски кругови околу моделот на вештачка интелигенција, Клод, кон него се однесуваат како кон божество. А моделот на човечкото однесување во такви ситуации е познат. Прво обожуваш, па коленичиш пред него па на крај му принесуваш жртви.

Италија ги отвори винските пенџериња

Ресторани во Фиренца и други места почнаа повторно да ги користат малите отвори низ кои векови наназад, во време на епидемии, им било давано вино на муштерии од пристојна социјална дистанца.  

На Трамп никој не му дава песна

Настапите на Доналд Трамп едно време одеа придружувани со песната Rockin' in the Free World. Нил Јанг забрани да се прави тоа. Па ја пуштаа You Can't Always Get What You Want. Стоунси забранија. Па пробаа со It's the End of the World as We Know It ама РЕМ забранија. Добрата вест за Трамп е што на избор има уште околу 15 милиони песни.

Црнец останува во доживотен затвор за обид за кражба на ножици пред 23 години

Човекот од Луизиана ќе го мине и остатокот од својот живот зад решетки затоа што пред 23 години пробал да украде ножици за ограда. После две децении решил да се пожали на казната. „Не, таман си е казната,“ процениле врховните судии од земјата чија амбасада во Македонија обожава да проценува судски одлуки.

Европа повеќе се грижи за стоката отколку за децата без документи

Моментално не знаеме колку деца без документи живеат во Европа. Не знаеме ни колку деца без документи се во притвор заради имиграцискиот статус на нивните родители. Меѓутоа знаеме точно колку млечни крави има во ЕУ и Британија.

Кинески воени дронови над Балканот

Кина ги испорача 6-те воени дронови што Србија минатата година ги нарача и плати како дел од својата одбранбена агенда. Со ова Србија стана првата држава на европско толо што распоредила кинески воени дронови. И ништо од ова не му е по мерак на НАТО.

Ист олош во спротивни табори

Тоа што пред некое време го имавме како скеч, се потврдува и со сериозни студии: колку и да се трудат да звучат како да се на спротивни и непомирливи политички позиции, и задртите крајни десничари и самопрогласените разбудени прогресивци се во суштина слични карактерни профили: дрвачи кои би да ги контролираат другите.   

Системи за фацијално препознавање може да се хакнат

Системите за препознавање лица се повеќе се користат како начин за идентификување луѓе на аеродроми и во други безбедносни ситуации. Но, истражувачи покажаа како може да се прелаже системот да препознае лице кое всушност не е тука.

Изгледа нè бендиса работа во карантин

Додека човештвото работело од дома (барем тие што можеа) во месеците дур беше под клуч, бројот на работни часови се зголемил за речиси 50 минути дневно.

Германија, НАТО профитер

Доналд Трамп ја обвини Германија дека профитира од американските бази и „заработила богатство“ од американските војници сместени во земјата.

За прв пат во историјата Њујорк тајмс направи повеќе пари од интернет, отколку од хартија

Дури и Њујорк тајмс се жали дека за време на пандемијата издишал со реклами, ама затоа па растурил со претплатите за дигиталното издание.

Вирусот ја мина критичната точка, ќе остане засекогаш

Коронавоирусот кој предизвикува ковид-19 досега заболе 16,5 милиони луѓе. Ако постоел момент да го капсулираме, тој момент наверојатно е пропуштен. Најизгледното сценарио е дека вирусот никогаш нема да го снема и ќе демне додека сме живи. Ама па што? И инфлуенцата така, па живи сме.

Дебелината не е дефинирана од тежината!?

Официјалните нови канадски клинички насоки се дека дебелината треба да биде дефинирана според здравјето на човекот, а не само според неговата тежина. ПЛУС, ги советува докторите да престанат на дебелите пациенти да им препишуваат само „вежбај и држи диета“.

Товарот амониум-нитрат што го срамни Бејрут со земја

Се работи за пратка од 2750 тони амониум-нитрат кој од 2013 бил сместен во хангарот 12 на пристаништето во Бејрут, и уште пред 6 години властите официјално биле предупредени за опасноста од него.

Што се случува со италијанските куќи од 1 евро?

Еден дел се реновирани, еден дел се во тек на реновирање, но сите до една се продале, а сега откако пандемијата малку стивна, ќе има и уште една тура.

Дали Кокомелон ќе стане првиот Јутјуб бизнис од милијарда долари?

Чудењето на тазе родители е - како тоа Кокомелон се уште не е бизнис од милијарда долари? Чудењето на сите останати - што е тоа Кокомелон? До овие вториве, полека, и вам ќе ви дојде ред да се крстите во него.

Епл бара кратење на кириите за 50% за да ја истрпи пандемијата

Еден податок за Епл од пред неколку дена: вредноста на компанијата на берза за еден ден порасна за 170 милијарди долари, што е повеќе од БДП-то на Унгарија; а кога само ова еднодневно покачување би излегло на берза тоа би било 33-та по големина компанија на S&P500 индексот. Имајќи го сето ова предвид, Епл бара да му ги намалат кириите за дуќаните.

Зоолошкото портфолио на големата Америка

Во 1906-та година, гинат Даме Груев и Петар Поп Арсов. Во 1906-та година, Холандија воведува задолжителна возачка дозвола за управување моторно возило. Во истата таа 1906-та година, во зоолошката во Бронкс е изложено црно момче, заедно во кафез со орангутани.

Затворањето на училиштата би предизвикало „генерациска катастрофа“

Предупредувањето доаѓа од Обединетите нации, а според Генералниот секретар на оваа организација, пандемијата предизвикала најголемо нарушување на образованието во историјата.

Ако не сте гадливи, секогаш постои некаков излез

Да ви раскажеме како една бубачка успева да преживее дури и кога е проголтана од жаба - накратко, така што се пробива низ целиот дигестивен тракт на душманот и на крај излегува од неговиот анус. Молиме да не се брза со евтини политички паралели: онаму од кај што излегува бубачката, во светот на политиката, тоа обично е место во кое се влегува.  

Ќе испрси ли Микрософт 200 милијарди долари за ТикТок?

САД е земја во која попрво ќе се забрани некоја апликација отколку да се забрани секоја будала да поседува полу-автоматска пушка. Со тој факт во моментов се соочува ТикТок кому Трамп му е намерачен да го забрани. Но, на повидок е бел витез со многу пари.

Градови на опасно живеење

Во лошото комбо пандемија плус протести, во американските градови сè повеќе се гине. Во 36 од 50 најголеми градови во земјата, бројот на убиства е поголем од лани, некаде и за преку 50 проценти. 

Владимир Арсенијевиќ: Не ми се протестира со шуто и рогато

Арсенијевиќ е писател, панкер, најмлад добитник на НИН-овата награда за најдобар роман (и тоа за неговата прва книга „Во потпалубата“, 1994), основач на книжевниот фестивал Крокодил, денес пишува колумни и есеи... „Секогаш ќе имаме лидер со набабрено его и куп лигуши околу него“, вели во интервју за Време.

Ме викнаа да сведочам за енергетските политики а после не ми дадоа да зборувам

Мајкл Шаленбергер е повеќедецениски климатски активист и познавач на енергетските трендови кого магазинот Тајм го има прогласено за „Херој на човековата околина.“ Сведочи за неговото непријатно искуство во американскиот Конгрес, кога, штом скршнал од очекуваните наративи ( а тоа значи безусловно навивање за обновливи енергии и ништо друго), веднаш му бил одземен зборот и бил нападнат дека му е до пари. 

Секс, журки и државни субвенции

Фирма за организирање секс забави добила 170.000 фунти државна помош за закрепнување од ковид-19. Дел од британските пратеници, женски и либерални, имаат проблем со ова.