
Само тоа што некој е роден во Европа не спречува истото тоа дете да остане без документи, доколку е родено кај родители кои немаат документи. Ниту една европска држава не дава државјанство исклучиво базирано на раѓање на нивна територија. Дури и ако како дете си се преселил во Европа, и си израснал таму без документи, твојот европски стаж не е доволен за да добиеш документи.
Ваквата непоместливост на статусот „без документи“ дополнително се бетонира со над 20 години ЕУ политики околу миграцијата, постојано надградувајќи се со контроли на граница, притвор и депортација, и тоа главно на сметка на правата на децата.
„Децата мигранти кои ги придружуваат своите родители, често пати од властите се третирани како багаж на родителите, или забелешка во нивното миграциско досие,“ пишува директорката на ПИЦУМ (Platform for International Cooperation on Undocumented Migrants), Мишел Ливој, во текстот за Гардијан.
Таа наведува студија во која 12 години се следат 150 деца (во Лос Анџелес), која открива дека тие страдаат од хронични главоболки, хронични проблеми со заби, нарушување на спиењето и самоубиствени мисли заради константниот стрес од живеење со нерегуларен статус.
На крајот од 2019, во Британија има 2,69 милиони млечни крави.