Италија ги отвори винските пенџериња

Ресторани во Фиренца и други места почнаа повторно да ги користат малите отвори низ кои векови наназад, во време на епидемии, им било давано вино на муштерии од пристојна социјална дистанца.  

Фиренца ја оживува традицијата започната за време на бубонската чума: таканаречени вински прозори, односно мали шалтери кои и тогаш и сега служат да се послужат муштериите без страв од заразување.

Се послужува сè што може да собере низ отворот: кафре, пијачки, сладолед, коктели...  

Што се однесува до плаќањето, оригиналното сценарио било меанџијата да подаде метална лопатка на која муштеријата остава ковани пари, по што прво ги полевал со оцет за дезинфекција па после ги сместувал во фиока. 

 

9 август 2020 - 14:37