Затворањето на училиштата би предизвикало „генерациска катастрофа“

Предупредувањето доаѓа од Обединетите нации, а според Генералниот секретар на оваа организација, пандемијата предизвикала најголемо нарушување на образованието во историјата.

Бројките на светската организација покажуваат дека над 160 држави ги затворија училиштата, со што повеќе од 1 милијарда ученици беа надвор до училниците. Плус на овие се и околу 40 милиони деца низ цел свет кои останаа без образование во „критичната пред-училишна година.“

„Светот се соочува со генерациска катастрофа која можела да упропасти неброен човечки потенцијал, да поткопа децении прогрес и да ги продлабочи постојните нееднаквости.

Откако локалното ширење на ковид-19 ќе се стави под контрола, враќањето на учениците во училиштата и образовните институции колку може побезбедно, мора да е приоритет,“ порачува генералниот секретар на О.Н. Антонио Гуитереш.

4 август 2020 - 10:30